Спорт
Објавен списокот за средбтите со Словачка и Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија го објави списокот на играчи, на кои смета за квалификациските натпревари со Словачка, во Братислава на 3. септември и Ерменија на 7. септември во Скопје
На списокот на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз, се најдоа 22-ца играчи. Од стандардните репрезентативци, Јонуз не ги повика Владе Лазаревски и Бесрат Ибраими.За прв голман во двата натрпевара конкурираат Един Нурединоски од Етникос (Кипар), Дарко Тофиловски од Кошице (Словачка) и Мартин Богатинов од скопски Работнички.Во одбраната се Бобан Грнчаров од АПОЕЛ (Кипар), Игор Митрески од Нефчи (Азербејџан), Николче Новески од Мајнц (Германија) и Ванче Шиков од Етникос (Кипар)Во среднито ред ќе играат Александар Тодоровски од Рад (Србија), Горан Попов од Динамо Киев (Украина), Александар Лазевски од Партизан (Србија), Арменд Алими од Истра (Хрватска), Агим Ибраими од Марибор (Словенија), Славчо Георгиевски од Нефчи (Азербејџан), Величе Шумуликовски од Новосибирск (Русија), Марио Ѓуровски од Војводина (Србија) и Филип Деспотовски од Волин (Украина).
Во нападот на најдобрито маекдонски фудбалер и евроспки шапмион со милански Интер, Горан Пандев, ќе му се придружат неговиот поранешен соиграч од струмичка Беласица и од младинскиот погона на Интер, Ацо Стојков кој сега настапува за Арау (Швајцарија), Илчо Наумоски од Матесбург (Австрија), Стевица Ристиќ од Будјонкор (Узбекистан), Баже Илијоски од Гангвон (Јужна Корејај и Иван Тричковски од АПОЕЛ (Кипар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин