Спорт
Тотенхем мина, Зенит и Динамо испаднаа од ЛШ
Тотенхем, Ајакс, Оксер, Жилина и Копенхаген се последните пет клубови кои се квалификуваа за Лигата на шампионите по средбите од среда навечер
Тотенхем на домашен терен без поголеми проблеми го совлада швајцарскиот претставник Јанг бојс со 4:0, со што ја анулираше предноста на Швајцарците од првиот меч од 3:2. Стрелци за „спарсите“ на „Вајт харт лејн“ беа Питер Крауч со хет-трик во 5., 60. и 77. минута од пенал и Дефо во 32. минута. Ајакс во Амстердам минимално го совлада киевски Динамо на маекдоснкито репрезентаривец Горан Попов со 2:1, така што оваа сезона Македонија во Лигата на шампионите ќе биде претставена од Горан Пандев во шампионот Интер и Александар Лазевски во белградски Партизан. Во Киев првиот меч заврши без победник 1:1. Ајакс поведе со два гола предност, преку Суарез во 43, и Ел Хамаду во 76. минута, додека ветеранот Андри Шевченко во 82., минута создаде шанса за Динамо, но до крјаот киевјаните немаа сила да постигнат уште еден гол што ќе ги однесеше во Лигата на шампионите. Оксер надокнади само еден гол минус од првиот меч со Зенит и со победата од 2:0 ги елиминираше Русите стрелци беа Хенгбарт во 9. и Желен во 53. минута. Зенит на крајот заврши без двајца играчи, откако во 65. минута беше исклучен Малавеев а во 81. и Хубокан.Данскот претставник Копенхаген го совлада норешкиот Розенборг со 1:0, бидејќи иако беше поразен минимално на гости постигна еден гол (1:2). Решавачкиот гол го постигна Отесен во 32. минута од мечот. Словачка Жилина по вторпат ја совлада Спарта од Прага, по 2:0 на гости, дома со 1:0 победи сопогодокот на Кисеј во 18. минута.По реванш средбите во последниот круг од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, познати се сите учесници во најелитното натпреварување на Стариот континент.Листата на директни учесници ја предводи минатогодишниот победни милански Интер, па следуваат Барселона, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Баерн Минхен, Милан, Лион, Реал Мадрид, Рим, Шахтјар, Бенфика, Валенсија, Марсеј, Панатинаикос, Ренџерс, Шалке 04, Спартак Москва, ФК Твенте, Рубин Казан, ЦФР Клуј и Бурсаспор, додека преку квалификација пласман меѓу 32 најдобри европски клубови изборија Вердер, Базел, Брага, Хапоел Тел Авив, Партизан, Тотенхем, Ајакс, Жилине, ФК Копенхаген и Оксер.Жрепката за распоредот по групите од Лигата на шампионите ќе с еодржи во четврток во 18 Чсот во Монако.Екипите по групите ќе бидат избрани од четири „шапки“ во кои се поделени според рејтингот во четири групи по силата.Во првата се: Интер Милано (Италија), Барселона (Шпанија), Манчестер јунајтед (Англија), Челзи (Англија), Арсенал (Англија), Баерн Минхен (Германија), Милан (Италија) и Лион (Франција).Во втората група се Вердер Бремен (Германија), Реал Мадрид (Шпанија), Рома (Италија), Шахјтор Доњецк (Украина), Бенфика (Португалија), Валенсија (Шпанија), Марсеј (Франција) и Панатинаикос (Грција).Во третата група се: Тотенхем (Англија), Глазгов Ренџерс (Шкотска), Ајакс Амстердам (Холандија), Шалке 04 (Германија), Базел (Швајцарија), Брага (Португалија), ФК Копенхаген (Данска) и Спартак Москва (Русија).Во четвртата група се: Твенте (Холандија), Хапоел Тел-Авив (Израел), Рубин Казан (Русија), Оксер (Франција), Клуј (Романија), Партизан (Србија), Жилина (Словачка) и Бурсаспор (Турција).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

