Контакт

Спорт

Извлечени групите во Лигата на Шампионите

Објавено пред

Во Монако во четврток попладне беше одржан жребот за формирање групи, од 32 екипи поделени во четири според квалитетот беа формирани осум групи со по четири клубови

dobivaj vesti na viber

Најатрактивна е групата Г во која три поранешни европски шампиона ќе се борат за двете места кои гарантираат продолжување на натпреварувањето во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, па и во светот. Но еве ги составите на групите:Група А: Интер, Вердер, Тотенхем и Твенте;Група Б: Лион, Бенфика, Шалке 04 и Хапоел Тел-Авив;Група Ц: Манчестер јунајтед, Валенсија, Глазгов Ренџерс и Бурсаспор;Група Д: Барселона, Панатенаикос, ФК Копенхаген и Рубин Казан;Група Е: Баерн Минхен, Рома, Базел и Клуј;Група Ф: Челзи, Олимпик Мареј, Спартак Москва и Жилина;Група Г: Милан, Реал Мадрид, Ајакс и Оксер, и Група Х: Арсенал, Шахтјор, Брага и Партизан.Мечевите  од групната фаза се закажани по редоследот: прво коло – вторник/среда, 14/15 септември 2010; второ коло вторник/среда, 28/29 септември 2010; трето коло – вторник/среда, 19/20 откомври 2010; четврто коло – вторник/среда, 02/03 ноември 2010; пето коло – вторник/среда, 23/24 моември 2010 и ешстото коло – вторник/среда, 07/08 декември. 2010.Двете првопласирани екипи од секоја група одат во осмина финалето од Лигата на шампионите а третопласираните го продолжуваат натпреварувањето во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа. Жрепката за елиминациската фаза од еврокуповите ќе се одржи во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион на 17-ти декември од 13 часот.Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28-ми  мај 2011 г. во Лондон, а во Лигата на Европа десет дена претходно, на 18-ти мај 2011 г. во Даблин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија

Објавено пред

Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.

dobivaj vesti na viber

Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.

Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.

Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.

Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.

До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.

Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.

Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња

Објавено пред

Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.

Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.

Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.

Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.

Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.

Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.

И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул го сака Камавинга?

Објавено пред

Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.

dobivaj vesti na viber

Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.

„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.

Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет4 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија5 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија6 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ7 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија8 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија11 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет11 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет12 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија1 ден

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија1 ден

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ1 ден

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија1 ден

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 дена

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...