Спорт
Робињо во вторник потпишува за Милан
Во вторник клубот зад кој стои италијанскиот премиер и најбогат Италијанец Силвио Берлускони, ќе објави дека дополнително ја засилува својата екипа со доведувањето на 26-годишниот бразилски ас, пишува вечерното он-лајн издание Corriere dello Serra
Милан кој успешно стартуваше со победата од 4:0 над Лече по еуфоријата од доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ од Барселона, ја усвитува атмосферата кај своите тифози со најавата за доаѓање на уште еден фудбалер од висока светска класа. Робињо е незадоволен веќе подолго време од својот статус во Манчестер сити и се обидува да ја смени средината, а од Милан најавиле дека тој на „Сан Сиро“ ќе дојде како позајмен играч за една сезона, со право да се откупи и договорот. За таа цел се споменува и трансфер во обратна насока на Марко Бориело, кој покрај Пато, Роналдињо, Инзаги, Ибрахимовиќ и сега евентуално Робињо, ќе биде вишок и тешко дека ќе успее да се наметне како стандарден првотимец.Робињо мината сезона ја мина исто така како позајмен играч во неговиот матичен клуб бразилски Сантос, а менаџерот на „граѓаните“ Роберто Манчини веќе најави дека и оваа сезона не смета на него. Мината седмица Робињо ја одби најдиректната понуда од турскиот прволигаш Фенербахче, најавувајќи дека сака да игра во Шпанија, каде што имаше шпекулации за негово одење во Барселона, или во Италија.Робињо на Островото дојде во 2008 г. од Реал Мадрид за рекордни 32,5 милиони фунти, но според процените на Манчини, тој не успеа да се снајде во Премиерлигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

