Спорт
Србија со драма оди во четврт финалето на Мундобаскетот
Победувајќи го најголемиот ривал Хрватска со половина кош (73:72), српските кошаркари се првите четвртфиналисти на Светското кошаркарско првенство во Турција
Иако ова беше најдобрата игра што Хрватите ја покажаа на светското првенство, контроверзните судиски одлуки и големите грешки на играчите од кои најкапитална беше фаулот на незагреаниот Кус на секунда пред крајот при резултат 72:72, Србија заслужено се пласираше во четвртфиналето. Иако Хрватска вечерва може да жали за победата зашто беше многу блиску до неа предводена од Марко Поповиќ кој постигна 21 поен, играјќи само со осум играчи, едноставно во сите досегашни мечеви на шампионатот покажа повеќе отколку нејзиниот вечерашен противник.Во фазата по групи од Србија претрпе само еден пораз, минимално и по продолженија со Германија, па на крајот го освои првото место во групата А. Хрватска, пак, загуби трипати победувајќи ги само аутсајдерите Иран и Тунис, пласирајќи се за нокаут фазата како четвртопласирана во групата Б.Но и покрај фактот дека во првиот вечерашен натпревар од осминафиналето влезе како голем фаворит, екипата на легендарниот Душан Дуда Ивковиќ се најде во подредена улога, па првите десет минути кои минаа со многу шутеви завршија со 27:19 за Хрватите. и против Хрватска – 27:19.Меѓутоа, за само шест минути во втората четвртини, Ивковиќ ги стегна своите редови и резултатот беше изендачен на 29:29. Во оваа четвртина веќе почна да се води беспоштедната битка за секој поен, со поголема псоветеност на одбраната за што зборува и далеку помалиот број поени, но Хрватите сепак на полувремето заминаа со предност од 36:34.Таквиот ритам продолжи и во третата четвртина, па на крајот реши тројката на Теодосиќ на самито краја со која Србија го презеде водството со 52:5о.Србија успеа да ги скрши веќе деконцентрираните и заморени хрватски кошаркари па во последната четвртина, во петтата минута Србија направи предност од 61:54, која се чинеше недостижна со оглед на темпото. Но, Хрватите успеаја да направи речиси чудо, па во носени само од Попович кој постигна неколку тројки и непшогрешливо стрелаше од слободни фрлања дојде до нервозна и изедначена завршница. Меѓутоа заморот остави трага и кај него и на 11 секунди пред крајот од двете слободни фрлања погоди само едно за изедначување на 70:70. Но за неколку секунди се поправи и го анулираше водството на Србите на 72:72, по што следуваше фаулот кус кој вкупо на теренот вечерва миан само три минути и половичната реазлизација на Тепиќ за 73:72 за Србија, во чии редови најдобар беше Ненад Крстиќ со постигнати 16 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

