Спорт
Металург без пламсан во ракометната ЛШ

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Металург, без победа, и на последното место во групата го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите
Во натпреварот од последното, трето коло, Металург загуби од Запорожје со 23:25. Пласман во фазата по групи во ракометната Лига на шампиони од групата избори Динамо Минск. Белорусите сезонава ќе играат во Ц групата, во конкуренција на Чеховски Медведи, АаБ Хандбал, Пик Сегед, Ваљадолид и Шафхаузен.Покрај Динамо Минск своето место во ЛШ го најдоа и Татран Прешов, односно Рајн Некар. Татран ќе се натпреварува во Б групата заедно со Веспрем, Монпеље, Хамбург, Колдинг и Савехоф. Германскиот Рајн Некар ќе се натпреварува во А групата заедно со Кил, Цеље, Барселона, Шамбери и Киелце.Фазата по групи во ракометната ЛШ ќе стартува на 22 септември..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јанис: На Ол-стар натпреварот треба да игра САД против „Остатокот од светот“
На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската.
Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна.
„Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата припаѓаат на НБА. На пример, тимот за кој играше мојот брат, Панатинаикос, има девет играчи кои беа тука (во НБА). Уживам да ја гледам Евролигата повеќе отколку НБА, но нивото сè уште не е исто“, рече Јанис и продолжи.
„Најдобрите тимови во НБА: Денвер, Оклахома Сити, Бостон, би ги уништиле тимовите од Евролигата. Ако се игра според правилата на ФИБА, можеби европските тимови би имале шанса, но исто така, ако се игра според правилата на НБА, ниту еден тим од Европа нема да може да направи ништо“.
9x All-Star, Giannis Antetokounmpo! pic.twitter.com/2DDst3K0pI
— Milwaukee Bucks (@Bucks) February 17, 2025
Поради моменталната доминација на Европејците и големиот број играчи од „Стариот континент“ на Ол-стар натпреварот, некои сметаат дека најдобриот формат за главниот натпревар би бил прилично едноставен, да игра Америка против остатокот од светот.
„Би го сакал тоа. Тоа би бил најинтересниот и најпривлечниот формат. Секогаш се натпреварувам, но тоа би ми дало дополнителна мотивација. Со Шеј, Јокиќ, Лука, Вемби, Таунс, Шенгун… Ќе заборавам некого. Би било забавно да играм против најдобрите од Америка”.
Асот на Милвоки Бакс беше прашан дали мисли дека НБА Ол-стар натпреварот може да се одржи во Европа или некаде надвор од САД?
„Тоа би било забавно. Во Велика Британија или во Париз. Можеби во Грција, зошто да не. Или во Кина“, рече Адетокумбо.
Спорт
Гвардиола: Нашите шанси за победа во Мадрид се помали од еден отсто

Реал Мадрид и Манчестер сити во среда со почеток од 21 часот ќе го одиграат вториот плејоф натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Реал, минатиот вторник, во Манчестер стекна капитална предност, со два гола во финишот забележа победа 3:2.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има минимални шанси да се пласира во следната рунда.
„Нашите шанси за победа на „Бернабеу“ се минимални, сите го знаат тоа. Не знам точно колкав е процентот, но би рекол помалку од еден процент. Шансите ни се такви бидејќи резултатот од првиот натпревар не беше добар за нас. На пет минути пред крајот водевме со 2:1, а загубивме 2:3, па нашите опции се намалени. Ќе се обидеме да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа“, рече Гвардиола.
Спорт
Постекоглу до Аморим: Добредојдовте во мојот свет

Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека менаџерите имаа големи кадровски проблеми.
Манчестер јунајтед на „Вајт Харт Лејн“, пристигна со само 12 фудбалери од сениорскиот погон, поради бројните повреди. Рубен Аморим зборуваше за тоа на прес конференцијата, а ако некој го разбира, тоа колегата од спротивниот табор Ангелос Постекоглу.
Тренерот на Тотенхем со овој проблем се соочува во последните два месеци.
„Јунајтед има многу повредени играчи? Ако ја погледнам мојата канцеларија, немам многу симпатии и емпатија за другите тренери“, изјави тој за Поштеколгу, а потоа објасни:
„Разбирам со какви проблеми се соочува Рубен, играчи кои не можат да играат на своите позиции, деца на клупата… Добредојдовте во мојот свет. Сепак, тоа е за еден натпревар. Направете го тоа два месеци по ред“, се пожали тренерот на Тотенхем.
Со овој триумф Тотенхем се искачи на табелата и сега го зазема 12. место со 30 бодови.