Спорт
Светскиот првак столчен од Аргентина

Во пријателски меч одигран во средата навечер во Буенос Аирес, Аргентина го совлада светскиот фудбалски шампион со 4:1
На стадионот „Монументал“, пред 50 илајди аргентински фудбалски фанатици, головите за домашната репрезентација ги постигнале Лионел Меси во 10., Гонзала Игуаин во 13. (и двајцата играчи на најдобрите шапнски фудбалски гигани Барселона и Реал Мадрид), Карлос Тевез во 34. и Агуеро во 90+1. минута. „Црвената фурија“ успеа само да намали на 1:3 со голот на Љоренте во 84. минута од натрпеварот. Аргентина настапо на овој меч со составот во кој беа на голот Ромеро, Занети, Демикелис, Г. Милито, Банега, Маскерано, Камијасо, и во нападот Меси кој во 89. минут бил заменет од Д,Алесандро и Игуаин во 67. минута бил заменет со Агуеро, и Тевез заменето со Ди Мариа во 60. минута.Шпанија настапиал без првиот голман од Реал, Икер Касиљас, на чие место по едно полувреме им припаднало на Реина и на Валдез, во одбраната играле Арбеоло, Пике, Марчена и Монреал, во среднито ред Бускетсм Чаби Алонсо заманет во 70. минута од Педро, Инеиеста кој го отстапил вториот дел на Казорла, Фабрегас заменете о 56. минут аод Чави, Виља и стрелоецот Љоренте поделиле по едно полувреме како и Силва и Навас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анкета на „Марка“: Димитиревски треба да биде број 1 во Валенсија

Дали е врема Столе Димитиревски да застане на голот на Валенсија? Ова прашање го постави „Марка“, потсетувајќи дека првиот голман Ѓеорѓи Мамардашвили се наоѓа во лоша форма.
Грузиецот Мамардашвили во изминтите две сезони беше најдобар играч на Валенсија, изминатото лето за около 30 милиони евра Валенсија го продаде во Ливерпул. Сепак Ливерпул реши да го остави на позајмица во Валенсија.
Најмногу од оваа одлука настрада Столе Димитиревски, кој претходно како слоб=ден играч дојде на „Местаља“ од Рајо Ваљекано.
Димитиревски во Ла Лига оваа сезона бранеше на неколку натпревари, кога Мамардашвили беше повреден, а на голот беше и во Купот на Шпанија.
Сега кога Грузиецот е во лоша форма и е директно одговорен за неколку загубени бодови на Валенсија, поради лошите реакции, 64 осто од читателите на „Марка“, кои учествувале во анкетата сметаат дека Столе треба да застане на голот на Валенсија.
Спорт
Тепачка на тренинг во Дортмунд

Борусија Дортмунд не воодушевува со своите настапи и резултати во последно време, а дополнителен проблем ќе има Нико Ковач во пресрет на реваншот со Лил. На тренингот пред патот за Лил се случи инцидент.
Имено, како што пренесува германски „Билд“, Џулијан Брант и Џејми Бајно Гитенс имале вербална, а потоа и физичка пресметка на тренингот.
Не е познато што го предизвикало инцидентот, но истиот започнал вербално, а завршил со физичка пресметка. Брант и Гитенс потоа биле отстранети од тренингот, а подоцна во текот на денот Ковач размислуваше дали да ги суспендира двајцата играчи пред натпреварот против францускиот тим. Дортмунд го објави списокот на патници за Франција, на кој се и Брант и Бијно Гитенс.
Ковач и Дортмунд се генерално во лоша форма. „Милионерите“ загубија од Аугсбург со 0:1 во претходното коло од Бундеслигата, а на теренот не блескаа ниту на претходните натпревари.
За Дортмунд ќе биде голем предизвик да победи против Лил. Кога на слабата игра ќе се додаде моменталната ситуација во соблекувалната, Лил оправдано ќе биде фаворит во реваншот кој е закажан за в среда од 18 часот и 45 минути.
Спорт
Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари поради настапот во Хрватска

Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари.
Од владината прес-служба образложија дека парите се доделуваат како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.