Спорт
САД уверливо до светското злато
Со уверливи 17 кошеви разлика (81:64) американските кошаркари во финалето од Светското првенство во Турција го победија домаќинот и ја потврдија неприкосновената доминација откако на големите светски турнири настапуваат играчите од најсилната лига на планетава
САД со ова злато се одлепија од тројката репрезентации со по три светски злата – СФРЈ и СССР кои и онака веќе две децении „не се во можност“ да се појават на светските првенства. Ова беше четврта титула за САД, прва по 1994 г. во Канада. Во недела навечер, освен серијата од 8:0 во првата четвртина кога Турција направи три поена разлика (17:14) во ниту еден друг момент сериозно не се приближи до остварувањето на својот голем сон и приредување сензација. Сепак, играчите од НБА, особено овие кои беа испратени и со доза на скепса по откажувањето на најголеми ѕвезди, се пресилни за репрезентациите од остатокот на светот кај кои исто така недостигаа по играч-два од најсилното кошаркарско натпреварување. Во финалето Богдан Тањевиќ, имајќи го најверојатно предвид својот квалитет на клупата ја прифати играта на брзи напади и дозволување отворени шутеви на противникот, надевајќи се дека неговите играчи ќе ја повторат играта од полуфиналето против Србија кога имаа дури четворица играчи со двоцифрен број поени. Единствено кај Турците во првото полувреме добро функционираше зонската одбрана но таа беше доволна само за да се одржува водството на противникот на десет поени.Очигледно со ова не беа задоволни Американците и во првиот дел од третата четвртина додадоа гас правејќи ја долната граница на нивното водство од 15 поени разлика во своја полза по што само со куси интервали Турците успеваа да ја намалат најмногу до 11 поени а се зголемуваше и на и до плус 20. Така што веќе во првите три-четири минути од последната четвртина кошаркарите на САД почнаа да играат на долги напади а Турците без амбиции да ја им одземат топката, така што и преполната сала во Истанбул „Синан Ердем“ во која официјално имаше повторно 15.500 гледачи овојпат само можеше да го поздрави среброто на своите кошаркари кои успешно го искористија домашниот терен. Како и низ целиот турни и во финалето најдобар играч на мечот беше Кевин Дурант со 28 поени, од кои седум тројки од 13 обида, а повторно го следеше Ламар Одом со 15 кошеви и 11 скокови. Кај Турците Хидает Туркоглу со 16 поени и седум сокови беше најдобриот играч и единствен кој во секој поглед на кошаркарската игра им парираше на противниците, а бледа поддршка имаше во Ерден со 9, и Иљасова и Тaнчери со по 7 поени. Кевин Дурант е прогласен и за МВП – најкорисен играч на Мундобаскетот со просечен учинок од 22,8 кошеви и 6,8 скокови по натпревар.Сега на листата по успешност водат САД со 4 злата, 3 сребра и 4 бронзи (11), втори и трети се распаднатите СФРЈ и СССР со идентичен учинок од по 3 злата, 3 сребра и 2 бронзи (вкупно 8 трофеи), Бразил има 2 златам 2 сребра и 2 бронзи, Србија и Црна Гора 2 злата, Аргентина по едно злато и сребро, Шпанија едно злато, Русија има две сребра, Турција едно сребро како и Грција, Чиле има две бронзи, а Литванија, Хрватска, Филипини и Германија по една бронза.Хронологија на освојувачите на медали Светските кошаркарски првенства:1950 во Аргентина: Аргентина злато, САД сребро, Чиле бронза;1954 во Бразил: САД злато, Бразил сребро, Филипини бронза;1959 во Чиле: Бразил злато, САД сребро, Чиле бронза; 1963 во Бразил: Бразил злато, СФРЈ сребро, СССР бронза: 1967 во Уругвај: СССР злато, СФРЈ сребро, Бразил бронза; 1970 во СФРЈ: СФРЈ злато, Бразил сребро, СССР бронза;1974 воПорторико: СССР злато, СФРЈ сребро, САД бронза;1978 во Филипини; СФРЈ злато, СССР сребро, Бразил бронза; 1982 во Колумбија: СССР злато, САД, сребро, СФРЈ бронза;1986 во Шпанија: САД злато, СССР сребро, СФРЈ бронза; 1990 во Аргентина: СФРЈ злато, СССР сребро, САД бронза;1994 во Канада; САД злато, Русија сребро, Хрватска бронза; 1998 во Грција: Југославија (Србија и Црна Гора) злато, Русија сребро, САД бронза;2002 во САД: Србија и Црна Гора злато, Аргентина сребро, Германија бронза;2006 во Јапонија: Шпанија злато, Грција сребро, САД бронза;2010 во Турција: САД злато, Турција сребро, Литванија бронза
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

