Спорт
Англичаните најрасположени, Реал и Милан сигурни во ЛШ
Вечерните мечеви од среда во Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х ги одбележа високата победа на Арсенал дома против Брага, и сигурните домашни победи на фаворите Реал, Милан и Баерн
Најрасположени беа стрелците на Арсенал кои на домашниот стадион „Емирати“ ја прегази португалска Брага со 6:0, но победата на „топчиите“ можеше да биде и далеку поубедлива. Шесте голови за англискиот претставник ги постигнаа Сес Фабрегас во 9. минута од пенал и потоа во 53. минута, Андреј Аршавин во 30., Маруан Чамак во 34. и Карлос Вела во 69 и 84. минута.Во истата група Х, украински Шахтјор во Доњецк со оглед на катастрофата на Брага во Лондон, извојува вредна победа над белградски Партизан со убавиот гол Дарио Срна од слободен удар во 71. минута кога беше скршен отпорот на противникот.Во групата Ф, Челзи и Спартак ги постигнаа стартните победи, и тоа на гости. Челзи имаше лесна задача на гостувањето кај словачкиот претставник Жилина, кој е најсиромашниот клуб во годинешното натпреварување во Лигата на шампионите. Лондонските сини победија со 4:1, постигнувајќи ги сите голови до 48. минута кога серијата ја заврши Стариџ, а претходно ефикасни беа Есиен во 13. и Анелка во 24. и во 28. минута. За домаќините голот го постигна Оравец во 55. минута.Ако победата на Челзи беше очекувана, спротивни францускиот шампион Марсеј на својот „велодром“ беше многу непријатно изненаден од московски Спартак кој му откина вредни три бода во директната трка за второто место во групата кое ќе води во натамошните борби во Лигата на шампионите. Всушност првата победа за Спартак на гостински терен во ЛШ беше автогол на Сезар Азпиликуе на девет минути пред крајот на мечот. Во групата Г, фаворитите Реал и Милан си ги обезбедија првите бодови со идентични победи со два гола во мрежите на вечерашните противници. Во Мадрид, Ајакс сам си ја начна мрежата преку Вурнон Анит, а конечните 2:0 ги постигна голгетерот на Реал Гонзало Игуаин во 73. минута. За разлика од неделниот дебакл во Серија А против Чезена, засилувањето на „росонерите“ од Барселона, Златан Ибрахимовиќ беше поконцентриран и со головите во 66. и 69. минута го матираше француски Оксер. Во групата Е, минатогодишниот финалист во ЛШ, минхенски Баерн на „Алианц арената“ ја пречека грогираната Рома која во неделата беше декласирана со 1:5 од Каљари. „Волчицата“ во првиот дел успеваше да одолее, но рака на срце и баварците не одиграа квалитетно за да можат да дојдат до водство. Во играта на Баерн се чувствуваше големата празнина што ја создава отсуството на суспендираниот Франк Рибери и повредениот Арјен Робен. А среќа Баерн го има најпрециниот тандем од последното светско фудбалско првенство, па успеа прво преку Томас Милер дури во 79. минута да поведе, а во 83. минута Мирослав Клосе вешто искористи збунетост во римската одбрана и го постави конечниот резултат. Романскиот Клуј иако само пред два дена го отпушти тренерот, многу рано направи предност од 2:0, со головите на ЈОнут Раде во 9. и Лисина Траоре во 12. минута. Швајцарски Базел преку Валнетин Штокер во 45. минута успеа да намали на 1:2, што и покрај сите напори а изедначување остана конечен резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

