Спорт
Челзи без пролеми со Марсеј

Во вториот меч од групата Ф, Челзи без особени залагања на своите фудбалери забележа рутинска победа над францускиот шампион од 2:0
Англискиот првак својата работа на „Стемфор бриџ“ ја одработи во првите половина час од натпреварот. Головите ги постигнаа Џон Тери во 7. и Николас Анелка во 28. минута од пенал. Сето натаму во мечот беше игра меѓу двата шеснаесетника бе изразени амбиции за менување на резултатот кај домаќините и немоќ да се стори нешто повеќе кај гостите. Челзи има шест бодови колку и Спартак кој на својот „Лужники“ во вторник попладне ја совлада Жилина, која со Марсеј се без бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Озил: Отсекогаш сум навивал за Фенербахче

„Ќе го остварам сонот кога ќе потпишам договор со Фенербахче“, рекол Месут Озил по доаѓањето во Истанбул. Поранешниот германски репрезентативец, претходните седум и пол години ги мина во Арсенал.
Озил со Фенербахче ќе потпише три и пол годишен договор.
„Возбуден сум, отсекогаш сум бил навивач на Фенербахче. Ми се остварува сонот. Се надевам дека ќе имам многу успеси во дресот на Фенер. Бог да ги благослови нашите навивачи бидејќи секогаш не поддржуваат. Пресреќен сум што сум овде“, рекол Озил.
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) January 17, 2021
32-годишниот фудбалер, не одиграл официјален натпревар од март минатата година. За него немаше место во плановите на менаџерот на Арсенал, Микел Артета. Последните неколку месеци дури и не тренираше со првиот тим.
Озил во кариерата играл во Шалке, Вердер и Реал Мадрид. Со Германија во 2014 година стана светски првак.
Спорт
Крај на сагата – Милик има нов клуб

Наполи и Олимпик Марсеј постигнале договор околу трансферот на Аркадијуш Милик. Полскиот репрезентативец, откако одби да потпише нов договор, беше пречкртан во Наполи. Клубот не го пријави за настап во ниту едно натпреварување, во првиот дел од сезоната.
Милик, најпрвин ќе го продолжи договорот со Наполи до 2022 година, бидејќи актуелниот му истекува за неколку месеци, а потоа за да можат во Марсеј да го испочитуваат финансискиот ферплеј, ќе се пресели на „Велодром“, како позајмен играч.
По завршувањето на сезоната, Олимик Марсеј, ќе го откупат договорот на Милик од Наполи.
Францускиот тим за услугите на Милк ќе плати 8 милиони евра, плус 5 милиони евра преку бонуси и ќе мора на Наполи да ми исплати 30 отсто од наредниот трансфер.
Според медиумите, Милик, ќе потпише договор со Марсеј до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува 4,5 милиони евра.
Спорт
Хајдук има нов тренер

Паоло Трамецани (50) е нов тренер на Хајдук од Сплит. Италијанскиот тренер со Хајдук потпишал договор до јуни 2022 година.
Трамецани кариерата како играч ја започнал во Интер, а настапувал и за Прато, Козенца, Пјаченца, Тотенхем, Пистоезе, Аталанта, Емполи и Про Патриа.
Тренерската кариера ја започнал како помошник на Џани де Бјаси во репрезентацијата на Албанија.
Трамецани, во кариерата бил тренер на годината во Швајцарија и Кипар. Во 2016 година со Лугано успеал да се пласира во Лига Европа. додека во 2018 година со АПОЕЛ станал шампион на Кипар.
Хајдук првиот дел од сезоната во Хрватска го заврши на петтото место со 17 поени, 16 помалку од водечкиот Динамо Загреб.
На кормилото на Хајдук, Траменцани го наследи Боро Приморац.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира