Спорт
Европскиот Уставен одлучува за забрана на екстремните навивачки групи
Уставниот суд на Србија денеска ќе одржи седница за барањето на јавниот обвинител Слободан Радовановиќ за забрана на 14 екстремни навивачки групи
Главнито српски обвинтиел Слободан Радовановиќ на 16 октомври минатата година поднел предлог до Уставниот суд за забрана на делувањето на 14 екстремни навивачки подгрупи на клубовите „Партизан“, „Црвена ѕвезда“ и „Рад“, и предложи нивно бришење од регистарот „поради делување кое е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, кршење на основните човекови и малцински права и предизвикување расна, национална и верска омраза“. Забрана се бара за подгрупите запишани во Регистар на здруженија – „Алкатраз“, „Белградбојс“, „Лудаци падинска скела“, „Ултра бојс“, „Ултрас“, „Анти Роми“, „Саут фемили“, „Хед хантерс“, „Ирицуцибили – НБГ“, „Шедовс“,„Искстрим бојс“, „Чувари части“, „Брејн демиџ“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул е подготвен да им го продаде Александер-Арнолд на Реал
Вечерва во дербито во Лигата на шампионите, на „Енфилд“, Ливерпул ќе го пречека актуелниот шампион Реал Мадрид.
Натпреварот е од исклучителна важност за Реал, бидејќи неочекувано тимот на Карло Анчелоти по четири одиграни натпревари има само шест бода, за разлика од Ливерпул кој има максинален скор со гол разлика 10:1.
Доколку, вечерва Реал загуби, ќе се најде во многу непријатна ситуација, во пресрет на последните три рунди.
Во пресрет на натпреварот, „Марка“, медиуми близок до Реал, објави дека ќе има предиигра, односно состанок меѓу челниците на двата клуба.
Според овој извор, од Ливерпул ги контактирале колегите од Реал со прашањето „Дали навистина го сакате Трент Александар-Арнолд?“, со што јасно ставиле до знаење дека се подготвени да го продадат англискиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок.
Намерата на Ливерпул е јасна, клубот сака да ги искористи проблемите со провредите, со кои се соочува Реал, за да заработи од трансферот на Алкесандер-Арнолд.
Десниот бек има договор со Ливерпул до крајот на сезоната и не сака да потпише нов. Доколку Ливерпул не го продаде во јануари, Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ без обесштетување.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазата по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024