Спорт
Уапсен главниот виновник за инцидентот во Џенова
(проширено)Меѓу уапсените во Џенова најголемата ѕвезда е човекот кој со ножици ја исече заштитната ограда, се качи на неа и го запали албанското знаме, кого го сметаат за главен иницијатор и организатор на хулиганските дивеења пред фудбалскиот меч меѓу Италија и Србија
За уапсениот српски хулиган италијанските меидуми пишуваат дека е истетовиран и набилдан 28-годишник кому му се наведуваше прво само името – Иван Богданов. Него го сметаат за предводникот на двете илјади српски хулигани кои со дивеењето низ Џенова пред мечот и особено по почетниот свиреж на судијата, не дозволија да заврши квалификациската средба за Еуро 2012 меѓу Италија и Србија, во вторникто навечер.Во соопштението од поладнево на полицијата од поркаината Лигурија чиј центар е Џенова, се наведува дека уапсени биле само 17 српски хулигани. Лекасрска помош побарале вкупно 16 лица, од кои четворица се полицајци.Тој иако носеше качунка, бил препознает по впечатливите тетовожи – Црвена ѕвезда, бројката 28 и рачна граната.Италијанските медиуми пишуваат дека е избегната нов „Хејсел“, бидејќи спрските навивачи имале намера да се судрат со италијанските „ултраши“ кои не се воопшто помалку налудничави од нив. Разјаренета хулиганската маса ја уништила фасадата на најголемата градска знаменитост на Џенова, Дуждовата палата, испишувајќи на неа графити и гаѓајќи ја со петарди и факели. Со петарди и факели биле гаѓани и продавниците и минувачите во центарот на градот, на главниот плоштад Пјаца де Ферари. Продавачите и очевидците велат дека многу лица од толпата биле вооружени со ножеви и стапови. „Вакво нешто не сум видел досега!“, во шок изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, откако поради инцидентите кои ги направија српските навивачи, квалификацискиот натпревар Италија-Србија е прекинат во шестата минутаСудијата, Крег Томсон поради безбедноста на навивачите го прекина натпреварот, бидејќи српските навивачи ја кршеа заштитната ограда и фрлаа факели на теренот на стадионот „Луиџи Ферарис“. „Мислам дека српските навивачи дојдоа овде со намера да го прекинат натпреварот“, вели Прандели. Селекторот на Италија пренесува и што се случувало во соблекувалната на Србија пред почетокот на натпреварот. „Влеговме внатре и го видовме голманот Владимир Стојковиќ како се тресе од страв. Не можев да разберам што се случува сè додека преведувачот нè ни објасни дека навивачите го нападнале автобусот на репрезентацијата на Србија и дека тој бил нивна цел. Човекот беше уплашен за својот живот.“Него го спасиле поранешнит еиграчи од Црвеан ѕвезда, Дејан Станковиќ и Никола Жигиќ, кои ги молеле „делиите“ да не го малтретираат Станковиќ. Извештаите од Италија говорат дека по излегувањето од стадионот српските хулигани се обиделе да се пресметаат со домашните навивачи. Поголеми инциденти по улиците на Џенова спречила италијанската полиција. На прашањето зошто карабињерите не се обиделе да ја испразнат трибината и не интервенирале поагресивно, од полицијата одговорија дека не сакале целата ситуација уште повеќе да ескалира. Неколку часа по натпреварот италијанската полиција соопшти дека го уапсила хулиганот кој стана симбол на прекинатиот натпревар, бидејќи поголемиот дел од времето тој го мина седејќи на заштитната ограда која ги дели трибините од теренот. Тој бил пронајден како се крие во багажникот на еден автобус. Во моментот на апсењето, карабињерите тврдат дека хулиганот на градите имал рачна бомба. Каков епилог ќе има прекинатиот натпревар ќе реши УЕФА, откако ќе го добие извештајот од делегатот. Од Фудбалскиот сојуз на Италија се убедени дека на „зелената маса“ ќе ја добијат победата. По повод инцидентот се огласија првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Томислав Караџиќ и министерката за спорт, Снежана Самарџиќ- Марковиќ. „Овие деца овде во Џенова беа само извршители. Тие што го планираа сето ова седат во Белград“, изјави Караџиќ. „Ова е голем удар за тешко стекнатиот углед на Србија и српскиот спорт во светот. Група на хулигани кои се нарекуваат навивачи ја посрамотија целата земја. Сликите од Џенова ќе го обиколат целиот свет“, додаде Самарџиќ-Марковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

