Спорт
Џилет и Хикс повторно ја стопираа продажбата на Ливерпул
Сопствениците на Ливерпул, Том Хикс и Џорџ Џилет, ги прават последните напори за да ја спречат продажбата на клубот
Во Окружниот суд во Тексас тие издејствуваа привремен налог за забрана на купопродажната постапка. Бордот на директори на Ливерпул одлуката ја прогласи за „неовластена и штетна“, и најави дека забрзано ќе работи на нејзино повлекување. На официјалниот сајт на клубот се наведува: „ По одлуката на Високиот суд, Управниот одбор одлучи продажбата да биде извршена. За жал, Томас Хикс и Џорџ Џилет, добија привремена забрана од страна на Окружниот суд во Тексас со цел трансакцијата да биде спречена. Независните директори сметаат дека таа одлука е неовластена и штетна и ќе работат на нејзино повлекување“, стои во соопштението. Судот во Тексас случајот ќе го разгледува на 25 октомври. Хикс и Џилет како обештетување побараа една милијарда фунти. Тие сметаат дека се оштетени со продажбата, бидејќи за продажба на Ливерпул била прифатена понуда која е далеку пониска од реалната вредност на клубот. Во тужбата се наведува дека Хикс на 4 октомври добил понуда од заинтересиран купувач која изнесувала помеѓу 375 и 400 милиони фунти. Оваа сума е повисока од онаа која ја понуди компанијата „Њу Ингланд Спортс Венчерс“. Хилс тврди дека директорот на Ливерпул, Мартин Бротон, оваа понуда воопшто не ја разгледал. Прашање е како на новонастанатата ситуација ќе реагира најголемиот доверител на клубот, Кралската банка на Шкотска. Ливерпул на оваа банка и должи 237 милиони фунти, од таму на почетокот на неделава најавија дека утре ќе ја активираат хипотеката. Доколку од Кралската банка на Шкотска се решат на овој чекор тогаш клубот ќе банкротира и ќе му биде назначен стечаен управник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.