Спорт
Блекбурн ги подели бодовите со Сандерленд
Во последниот меч од 8-то коло на англиската Премиершип, Блекбурн и Сандерленд одиграа без голови
Двете екипи кои и пред одигрувањето на мечот беа во долната половина од табелата имаат осум бодови од осум кола и се наоѓаат на 13. место Сандерленд, односно на 14. Блекбурн. Во водство е Челзи со 19 бодови, пред Манчестер сити со 17, по кого следат Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем со по 14 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола во ноември постави неколку негативни рекорди
Нов неуспех на Манчестер сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине црната серија на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите.
Сити синоќча на „Етихад“ до 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиол и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.
За Гвардиола, еден од најголемите тренери на сите времиња, ова е првпат во кариерата неговиот тим да испушти победа по водство од три гола разлика. Тоа му се случи на 942. натпревар во неговата тренерска кариера.
Ова е само еден од црните рекорди/негативни достигнувања што ги постигна во текот на ноември.
Еве уште неколку: ова е неговиот прв месец без победа во Сити откако стана негов менаџер во 2016 година, прв месец без победа во кариерата на Гвардиола од јануари 2015 година кога го водеше Баерн, но тој месец играше и загуби само еден натпревар.
Гвардиола во последниот месец загуби со 0:4 за прв пат во својата тренерска кариера (против Тотенхем), за првпат загуби четири натпревари во Премиер лигата и за прв пат загуби пет натпревари во низа.
Конечно, неговиот Сити му дозволи на Феенорд да дојде од 0-3 до конечни 3-3, со што стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој испуштил предност од три гола.
Спорт
Котроверзниот Дејвид Кут негира дека намерно му му покажал жолт картон на Алиоски
Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут ги отфрли обвинувањата дека намерно му покажал жолт картон на играч на Лидс пред пет години, откако претходно разговарал за оваа работа со негов познаник.
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблемите што ги имав во мојот приватен живот, тие никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го почитувал интегритетот на играта, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, рече Кут.
Според британскиот весник „Сан“, пред натпреварот, познаник му рекол на Кут да му покаже жолт картон на тогашниот играч на Лидс, македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за да може да се обложи на таа опција. Следната вечер Алиоски доби жолт картон во 18. минута.
Натпреварот помеѓу Лидс и Вест Бромвич (1:0) се одигра во октомври 2019 година.
Истрагата за овој случај ја води Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
„Ова се многу сериозни обвинувања и ние итно ги истражуваме“, изјави портпаролот на ФА.
Кут неодамна беше суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој дава погрдни коментари за поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Спорт
Навивач на Арсенал доби три години забрана за присуство на натпревари поради расистичка навреда
Навивач на Арсенал кој на социјалните мрежи расно го навредуваше фудбалерот на неговиот клуб Томас Парти доби тригодишна забрана за присуство на сите натпревари.
Чарлс Огунмиладе, навивач на Арсенал со нигериско потекло, призна дека испратил грубо навредлива порака на социјалната мрежа „X“, за која тврдеше дека е сатира на она што би рекол бел расист.
Тој објави навредлив коментар минатиот април, откако Парти пропушти шанса за време на ремито 3:3 против Саутемптон.
Објавата била пријавена во полиција, која го посетила навивачот во неговиот дом во Лондон. Тој рече дека коментарот бил наменет да биде сатиричен цитат меѓу група пријатели.
Судијата рече дека немала друг избор освен да наложи тригодишна забрана, но дека комисијата го зела предвид неговото признание за вина, неговиот претходен добар карактер, личните околности, искуството со расизам и намерата на објавата да биде сатирична, објави Би-би-си.
„Не сум расист“ – изјави Огунмиладе пред судот.
Тој рече дека тој и неговите пријатели биле погодени од расизам насочен кон репрезентативците со темна боја на кожата по нивниот пораз во финалето на Европското првенство во 2021 година.
„Нашиот механизам за справување со тоа беше да го исмеваме таквиот вокабулар, да ја ограничиме моќта што овие луѓе ја имаат над нас“, додаде навивачот.
Огунмиладе ќе мора да го предаде својот пасош на полицијата секој пат кога репрезентацијата на Англија игра натпревар во странство, а исто така ќе треба да плати 260 фунти како трошоци.
Огунмиладе рече дека е загрижен за предавањето на пасошот бидејќи тоа може да влијае на неговата кариера и посетите на неговото семејство во Нигерија.