Спорт
Украина демантира дека дала поткуп за организација на Евро 2012
Наводите за корупција на функционери од УЕФА од страна на Украина за да и биде доделена органзиацијата на Европското фудбалско првенство во 2012 г. не се вистинити, изјави за весникот Комерсант-Украина, заменик-премиерот задолжен за Евро-2012, Борис Колесников
Претходно мината седмица германскиот весник Suddeutsche Zeitung, донесе напис во кој членот на Управниот одбор на европската фудбалска асоцијација од Кипар, Спирос Марангос изјави дека пет високи функционери на УЕФА добиле вкупно 11 милиони евра како компензација за нивните гласови во полза на заедничката кандидатура на Полска и Украина.Украинскиот вицепремиер за организирање на Евро 2012, Борис Колесников за весникот рекол дека изјавите на Марангоса се во контекст и не претставуваат ништо повеќе од „внатрешен судири меѓу кипарските фудбалски функционери“.„Оваа изјава е од пред три години Ако во неа имаше дури една мал дел вистина, кај нас некаков шампионат немаше да има“, изјави Кослеников во понеделник за украински Коммерсантъ.Во април 2007 г. Украина и Полска поднесоа заедничка кандидатура за огранизирање на Евро 2012. На состанокот во Кардиф, во април изборите во 2007 г., тие го освоија осум од 12 глас, од членовите на извршниот комитет на УЕФА. Во полза на Италија, која првично беше сметана за најголем фаворит и веќе сигурен добитник н аорганизацијата, гласаа членови на извршниот одбор на УЕФА, додека заедничката кандидатура поднесена од страна на Хрватска и Унгарија остана без ниеден глас поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн подготвува сензационален трансфер
Баерн Минхен, има намера да го ангажира Бруно Фернандеш (31) и да го комбинира со Хари Кејн, пишува британскиот „The i Paper“. Извесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Овој извор не открива дали намерата на Баерн е да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок.
Овој извор, потенцира дека за клубовите кои не се од Премиер лигата откупната клаузула на Бруно изнесува 57 милиони фунти, односно 67,26 милиони евра (77 милиони долари),
Баерн, наводно е подготвен да го стори тоа за да внесе поголема креативност во тимот, што би требало да му помогне и на Кејн.
Фернандеш е во Манчестер точно шест години, постигна 103 гола и забележа 95 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотален дебакл
Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2.
Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91-та минута, но Бетанкор со брилијантен гол во 94-та минута му пресуди на шампионот.
Овој резултат особено одекна во шпанските медиуми. „Марка“, водечкиот весник во Мадрид, го наслови својот извештај од натпреварот со: „Тотален дебаклл“ и потенцира дека „Овој Реал (Мадрид) е навистина срамен“.
Друг текст во кој се коментира натпреварот заклучува дека фудбалерите на Реал ги очекуваат свирежи во сабота, кога играчите на Арбелола го играат својот следен домашен натпревар против Леванте.
„Најлошото нешто што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше тоа што по првите 20 минути од натпреварот, маглата се крена и го обви стадионот „Карлос Белмонте“ и ја разоткри срамната изведба што ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид доби извонредни размери, за три дена се изгубени две титули, еден тренер беше отпуштен, а вториот „смртно ранет“ започна со својата работа.
Арбелоа ризикуваше со изборот на тимот, одмори четири клучни играчи и, иако вината не треба да се префрли само на тренерот кој е со тимот едвај 48 часа, тој веќе остана без еден трофеј. И да се помисли дека овој тим може да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите е само желба.
Реалноста е дека играчите, не сите, туку огромното мнозинство, не беа воодушевени ниту од новиот тренер. Тие не очекуваа чуда од ненадејната смена на Чаби Алонсо, но барем се надеваа на промена во ставот на играчите. Ништо од тоа не се случи. Единствената промена беше во однесувањето на тренерот.
Сепак, тренерот ги изненади сите со својот настап на прес-конференцијата, беше претерано попустлив кон играчите, на кои дури и им се заблагодари.
Реал Мадрид беше целосно неефикасен во текот на целиот натпревар, предводен од Винисиус, кој сигурно не се истакнуваше. Играше како Чаби Алонсо да е сè уште на клупата. Валверде исто така не понуди ништо. А Мастантуоно, чија единствена светла точка беше гол, едвај го зголеми својот рејтинг.
Неговиот настап беше неверојатно лош, разбеснувачки и сигурно не го оправдува фактот дека, на 18 години и со таква игра, јавно не го отфрли својот поранешен тренер. Тие се враќаат на Бернабеу во сабота. Ги чека тежок период“, се наведува во тексто на „Марка“.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот.
Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас.
За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер Флег. Тој го повреди глуждот на левата нога и остана во соблекувалната на полувремето, што е нов аларм за Маверикс, бидејќи поради повреди надвор од тимот се: Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг, Данте Ексум, Дерек Лајвли и Макс Кристи.
Cooper Flagg injury.
He was being taken to the hoop, landed on his left ankle weird, sprained it.
Prayers up 🙏 pic.twitter.com/UmbuTMnb7s
— SM Highlights (@SMHighlights1) January 15, 2026
„Тој згази на нечија нога. И минатиот натпревар го мачеше тој глужд, па решивме да го поштедиме“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Флаг е фаворит за дебитант на годината оваа сезона. Тој во просек постигнува околу 19 поени и 6 скока.

