Спорт
Роналдо, Меси, Вила и уште 20 играчи ќе се натпреваруваат за Златната топка
ФИФА го објави скусениот список од 23-ца играчи, кои претендираат за трофејот „Златна топка“ за 2010 г., како и имињата на десетте фудбалерки и две листи од тренери во изборите за најдобри во своите категории
Од оваа година, трофејот „Златна топка“ и наградата „Најдобар играч на годината на ФИФА“, се обединетите во една награда. ФИФА ќе го објави добитникот на „Златната топка“ заедно со францускиот спортски магазин France Football, според договорот за обединување на двата трофеа постигнат од 5-ти јули 2010 г. ФИФА и France Football. Во официјалното соопштение на ФИФА од вторник, најдобриот играч на светото за 2010 г. Којашто се доделува од 1956 г., ќе биде избран со гласовите на новинарите, селекторите и капитените на националните тимови во машка и во женска . Очекувано, на списокот за претенденти на најблескавата награда речис една третина, односно седумуна се членови на шпанската „црвена фурија“ којашто летово ја совои својата прва светска титула на мундијалот во Јужна Африка.На оовј список од 23 фудбалери, се Чаби Алонсо (Шпанија), Даниел Алвеш (Бразил), Икер Касиљас (Шпанија), Кристијано Роналдо (Португалија), Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска), Самуел Ето ( Камерун), Цеск Фабрегас (Шпанија), Диего Форлан (Уругвај), Асамоа Гиан (Гана), Андрес Иниеста (Шпанија), Хулио Сезар (Бразил), Мирослав Клосе (Германија), Филип Лам (Германија), Маикон (Бразил) Лионел Меси (Аргентина), Томас Милер (Германија), Месут Озил (Германија), Карлес Пујол (Шпанија), Арјен Робен (Холандија), Баштиан Швајнштајгер (Германија), Весли Снајдер (Холандија), Давид Виља (Шпанија) и Чави ( Шпанија).Во изборот на топ десет тренери се Карло Анчелоти (Италија, Челзи), Висенте Дел Боске (шпанската репрезентација), Алекс Фергусон (Шкотска, Манчестер Јунајтед), Пеп Гвардиола (Шпанија, Барселона), Јоаким Лев (германската репрезентација), Жозе Мурињо (Португалија, Интер / Реал Мадрид), Оскар Табарез (уригвајската репрезентација), Луис ван Гал (Холандија, Баерн Минхен), Берт ван Марвеик (холандската репрезентација) и Арсен Венгер (Франција, Арсенал).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

