Спорт
Лацио, Удинезе и Каљари во следната рунда од Иалијанскиот куп

Лидрот на националното фудбалско првенство во Италија, Лацио со рутинска попбеда над второлигашот Портогруаро од 3:0 се пласираше во четвртото коло од националниот куп
Головите за „бјанкочелесите“ ги постигнаа Гонзалез во 6., Козак во 34. и Брешано во 54. минута.Покрај Лацио во четвртото коло од прволигашите се квалификуваа Удиензе со победата над второлигашот Падова од 4:0, Лече откако ја победи второлигашката екипа на Сиена со 3:2, Каљари над Пјаченца (втора лига) со 3:0, а Катанија по продолжетоци со 4:3 го мина второлигашот Варезе, Бреша ја мина Ситадела со 1:0, а Болоња со 3:2 ја совлада Модена. Фиорентина во вторникот исто така второлигашот Емполи на продолжетоци го совлада минимално со 1:0. Првологашот Чезена од второлигашот Новара на свој терен беше совладана со 1:3.Во второлигашките судри Атакланта дома со 0:1 е елиминирана од Ливорно, Фросиноне дома на продолжетоци загуби од Реџина со 2:4, Виченца со 1:0 го совлада Асколи, Кротоне загубио до ма со 0:1 од Албинолефе. Во четврток прволигашите Киево и Бари на домашен терен ги пречекуваат второлигашите Сасуло односно Торино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.