Спорт
Олимпија победи во Милано, ПАО подобар од ЦСКА
Комплетирано е второто коло во кошаркарската Евролига. Во дербито во Атина, Панатинаикос ја победи ЦСКА Москва, Макаби и Реал запишаа сигурни победи, додека како гости на теренот на своите противници се радуваа Фенербахче и Олимпија
Унион Олимпија во рамките на Д групата, забележа изненадувачка победа во Милано, против Армани џинс од 72:76. Некогашниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски за победникот постигна 12 поени (3/3 за три поени), на кои придодаде 4 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки. Најефикасни во редовите на Олимпија со по 19 поени беа Јагодник и Ожболт.Во оваа група се одигра и дербито Панатинаикос-ЦСКА Москва. Благодарение на добрата игра во третата четвртина домаќинот забележа победа од 74:60. Дру Николас со 18 и Ромеин Сато со 17 коша беа најефикасни во редовите на Панатинаикос.Реал Мадрид во А групата го доби шпанскиот дуел против Уникаха. Во победата од 68:56 Фелипе Рејес имаше учинок од 17 поени и 8 скока.Во Б групата, во Тел Авив, Макаби славеше победа од 86:70 над Жалгирис. „Гордоста на Израел“ ја предводеше Скорцанитис со 24 поени и 5 скока.Во Загреб во рамките на Ц групата, Фенербахче ја совлада Цибона со 73:68, најпрецизен во победничкиот тим беше Кинси со 17 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал добил понуди од 100 милиони евра за Белингем
Реал Мадрид се соочува со неочекуван сценарио околу една од своите најголеми ѕвезди. Џуд Белингем, доведен како стратешко засилување и клучен играч на проектот, оваа сезона не игра добро, едноставно не може да се вклопи во тимот.
Клубот е свесен дека англискиот играч за врска не поминува низ најдобриот период и, иако официјално не е на продажба, сериозна понуда би можела да го натера Флорентино Перез да се премисли, пишуваат шпанските медиуми.
Во последните недели, клубот добил понуди од Премиер лигата кои надминуваат 100 милиони евра.
Водечките англиски клубови веруваат дека британскиот репрезентативец е сè уште пазарна можност и се подготвени да инвестираат многу пари во летниот преоден рок.
Таа сума би му овозможила на Реал Мадрид да ја врати инвестицијата и да ослободи простор за реконструкција на средниот ред. Во моментов, ставот на раководството е цврст: Белингем не е на продажба, но целокупната ситуација во клубот внимателно ја следат.
Во клубот постои загриженост бидејќи фудбалерот не се чувствува целосно удобно во својата моментална улога. Неговите напаѓачки перформанси се намалени, барањата во одбраната се поголеми, а статусот во тимот се промени со доаѓањето на нови ѕвезди. Сето ова предизвикува одредена фрустрација кај него.
Реал Мадрид го поддржува, но ако не се подобри до крајот на сезоната, ниту една опција нема да биде исклучена. Клубот го цени неговиот талент, возраст и комерцијално влијание, но дава приоритет на рамнотежата во соблекувалната и спортската конзистентност на проектот.
Прифаќањето на продажба за повеќе од 100 милиони евра би му овозможило на Мадрид да зајакне неколку клучни позиции или да бара профил на играч кој подобро се вклопува во моменталниот систем.
Белигем постигна шест гола и забележа четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона.
Foto/ depositphotos

