Спорт
Атлетик Билбао сигурна против Хетафе

Во последниот неделен меч од деветтото коло д Шпанската лига, баскијците убедливо со 3:0 го совладаа Хетафе, а Виљареал избегна домашен пораза
Погодоците во мечот во кој Хетафе се спаси од поубедлив пораз, головите за Ателтик ги постигнаа Ираола во 7., Сан Хосе од пенал во 23. и Габилондо во 83. минута. Атлетико Мадрид, пак, на својот стадион „Винсенте Калдерон“ одигра само 1:1 со Алмерија. Агуера во 33. минута ги доведе домашните во водство, но во последната минута од првото полувреме, изедначи Пиати.Виљареал иако остана на 3-та позиција на табелата, по нерешениот резултат на гостинскиот терен против Спортиг Хихон сега заостанува два бода зад втората Барселона и три зад водечкиот Реал. Во недела навечер „Жолтата подморница“ дури едвај го избегна поразот од Спортинг кој е во опасната зона за испаѓање, откако Хихон поведе во 69. минута преку Диего Кастро Хименез кој прецизно реализираше пенал. Дури во втората минута од судиското надополнување откако Себастиан Егурен во шеснаесетникот го фаулираше Карлос Марчена, Виљареал доби шанса да се спаси од пораз што не ја пропушти Џузепе Роси прецизно биејќи од белата точка. Малага, пак, полека оди кон неславниот рекорд со пет едно подруго порази на свој терен во исто толку мечеви од почетокот на сезоната, додека сите седум бодови сезонава ги освои на гостински терен, Овојпат на теренот на Малага се радуваше Реал Сосиедат, кому ова е прва гостинска победа сезонава. Гостите имаа сигурно водство што го остварија Гриезман во 43 и Љоренте во 55. минута, додека за домаќините само испеа да намали Хуанми во 77. минута.Депортиво убедливо со 3:0 го совлада Еспањол, со погодоците на Адриан во 28., Лопо во 76. и Колото во 87. минута. Убедлив на домашен терен беше и Расинг Сантандер кој со 4:1 ја совлада Осасуна. Бакирчоглу во 27., Росенберг во 35. и 62., и Торехон во 85. минута ги постигнаа головите за домашните, а гостите намалија на 1:2 во 59. минута преку Некоунам од пенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL