Спорт
Франција без Цонга во финалето на ДК

Поради повреда на коленото за Џо Вилфред Цонга е завршена тениската сезона во 2010 година.
Цонга се повреди на Отвореното првенство на Јужна Франција во мечот против Гаел Монфис и нема да може да настапи на машкиот Мастерс кој ќе се игра наредната недела во Париз, а на кој победи во 2009 година.
Тоа значи дека и селекторот Ги Форже нема да може да смета на услугите на овој тенисер со ранкинг 13 на АТП, во финалето на Девисовиот куп за 2010 година што Франција ќе го игра во Белград против Србија од 3-5 декември.
Според тоа на Србија Форже ќе спротивстави тим во состав Жил Симон, Гаел Монфис, Мишел Лодра и Арно Клемен.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лацио е „кралот“ на Рим!

Лацио со 3:0 ја уништи Рома во големото римско дерби со кое со отвори 18-тото коло во Серија А за да се доближи на само три поени од својот вечен ривал на табелата во Италија.
Во фуриозни први дваесетина минути, Лацио успеа да стигне до 2:0 водство со головите на Чиро Имобиле во 14. минута и на Луис Алберто во 23. минута за предност која потоа не ја испуштија до крајот. Алберто во 67. минута само го комплетираше супериорниот меч на тимот на Симоне Инзаги за лесна победа.
Рома пропушти шанса да се доближи до лидерите во Италија и останува трета со 34 поени, три помалку од второпласираниот Интер и веќе шест зад Милан. Лацио е на седмото место со 31 поен.
Спорт
Тојхерт успеа да ги погоди двете стативи со еден удар, но на крајот беше херој на Унион Берлин

Унион Берлин, едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во германската Бундеслигата, стигна до доцна 1:0 победа над Баер Леверкузен во првиот меч од 16-тото коло во Германија за да се искачи на четвртото место на табелата, сега со само еден поен заостанување зад Леверкузен.
Човек на одлука за Унион беше 24-годишниот напаѓач Седрик Тојхерт, кој прво во 49. минута имаше нешто што им успеало на малку фудбалери во историјата – совршена шанса во која успеа да ги погоди двете стативи со еден удар. Сепак, во 88. минута тој се „поправи“ и го постигна единствениот гол на мечот.
Откако Баер на стартот на сезоната беа на првото место во Германија со одлична низа на резултати, тимот на холандскиот стратег Петер Бос сега има четири меча без победа – односно три порази и едно реми.
Со поразот, Леверкузен останува на третото место на табелата со 29 поени, четири помалку од лидерот Баерн и два зад второпласираниот РБ Лајпциг, кои викендов ги играат своите мечеви. Унион Берлин, пак, е веднаш на четвртото место со 28 поени, еден повеќе од Борусија Дортмунд.
#BUNDESLIGAxTLT | ¡AL PALO! 😩
⏰ 50’ @fcunion 0 – 0 @bayer04fussball
Remate de Cedric Teuchert, el balón pega en el poste. ¡Cerca el Union Berlin! 🔥
Míralo por acá: https://t.co/FAUYaP4VFC pic.twitter.com/ptQFFN7Va4
— TLT ¡La Tele Tuya! (Desde 🏠) (@LaTeleTuya) January 15, 2021
Спорт
Ракометарот од ДР Конго кој стана атракција на СП

Демократска Република Конго (поранешен Заир), дебитираше на Светските првенства во ракомет во Египет, откако загубија со 28:22 од Аргентина, иако имаа предност од 14:13 по првото полувреме, но најголемо внимание предизвика еден нивни ракометар – пивотот Готие Мвумби Тјери, кој беше посебно импресивен.
Ракометарот на францускиот второлигаш Дреу, Мвумби има 192 сантиметри, и според клубот 110 килограми, иако фотографиите можеби покажуваат нешто повеќе. Мвумби постигна четири гола за ДР Конго.
watched the Handball World Championship and discovered my new all-time favorite athlete: Gauthier Mvumbi, who scored 4 goals today for DR Congo against Argentina.
My man is UNSTOPPABLE once he gets the ball.
THRIVE, BIG MAN, THRIVE pic.twitter.com/SCe172wVzS— Rodger Sherman (@rodger) January 15, 2021
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира