Спорт
Лам ќе го продолжи договорот со Баерн
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Филип Лам се согласил да потпише нов договор со клубот.
„Договоривме продолжување на соработката, новиот договор ќе важи до 2016 година, истиот ќе биде потпишан во следните неколку дена“, откри извршниот претседател на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
Актуелниот договор на Филип Лан со Баерн истекува за 18 месеци, со потпишувањето на новиот договор паѓаат во вода шпекулациите дека тој ќе го напушти Баерн.
Румениге откри дека на почетокот на следната година клубот ќе ги започне преговорите за потпишување на нов договор и со Бастијан Швајнштајгер.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ван Нистелрој има нова работа
Руд Ван Нистелрој (48), заврши одлична работа краткото време кое го мина како в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. Откако го замени Ерик Тен Хаг, забележа три победи и реми, а потоа му го отстапи местото на Рубен Аморим.
Прославениот напаѓач е на пат да го преземе Лестер, кој неодамна го отпушти менаџерот Стив Купер. Лестер оваа сезона се врати во Премиер лигата, но сега се бори да избори опстанок. Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година моментално е на 16-тото место.
Ван Нистелрој стекна светска слава во Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Го освои и англискиот шампионат. Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Кариера ја заврши во 2012 година во Малага.
Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, тој потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар, освојувајќи два трофеи.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.