Спорт
Стонер на пол-позицијата во Валенсија

Кејси Стонер ќе стартува од пол позицијата на последната трка оваа сезона во кралската класа во Мото Гран при шампионатот, Големата награда на Валенсија.
Возачот на Дукати до четвртата пол-позиција оваа сезона, 22 во кариерата, стигна со време од 1:31.799 минути. Веднаш до Стонер, на патеката „Рикардо Тормо“ од првиот ред ќе стартуваат новиот шампион Хорхе Лоренцо на Фиат Јамаха и Марко Симончели, возачот на Сан Карло Хонда Гресини.
Вториот ред на утрешната трка го формираа деветкратниот светски првак Валентино Роси, Ники Хајден и Бен Спиз.
Валентино Роси во Валенсија ќе ја вози последната трка за Фиат Јамаха, од следната сезона на неговото место доаѓа Бен Спиз.
Траката за Големата награда на Валенсија утре ќе стартува во 14 часот.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Парондо ги однесе Египет до четврт-финале на СП!

Домаќините на Светското првенство во ракомет, Египет се пласираа во четврт-финалето на Мундијалот, откако се вратија од негатива од четири гола во 25:25 реми со Словенија.
Словенците во мечот влегоа без Сташ Скубе, Драган Гајиќ и Блаж Благотиншек поради стомачен вирус, но успеаја да направат предност од два гола на полувреме (14:12).
Сепак, домашните ракометари, под водство на тренерот, поранешниот стручњак на Вардар, Роберто Парондо, успеаја да направат пресврт и да се пласираат во четврт-финалето каде што за второто место од групата 4 вечерва ќе се борат Русија и Шведска во директен дуел.
Во четврт-финалето ќе бидат и Норвежаните, откако успеаја да го совладаат Исланд со 35:32.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Алжир – Швајцарија 24:27 (13:15)
Исланд – Норвешка 33:35 (18:18)
Португалија – Франција 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 8, 2.Норвешка 8, 3.Португалија 6, 4.Швајцарија 4, 5.Исланд 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Белорусија 26:30 (14:14)
Словенија – Египет 25:25 (14:8)
Русија – Шведска 20.30 ч.
Табела: 1.Египет 7, 2.Шведска 6, 3.Словенија 6, 4.Русија 5, 5.Белорусија 4, 6.Македонија 0
Спорт
Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен Бразил“ и други локални медиуми објавија дека претседателот на четвртолигашот Палмас и четири фудбалери загинаа во авионска несреќа.
„Палмас ФР потврдува дека во 8.15 часот наутро на 24 септември имаше авионска несреќа во која беше претседателот на клубот Лукас Меира во летот за Гојана а мечот помеѓу Вила Нова на 25 февруари. Авионот во кој беше и пилотот Вагнер и фудбалерите Лукас Прашедес, Гијерме Ное, Рануле и Маркус Молинари се сруши при полетувањето на аеродромот Токантинс. Нема преживеани. Клубот бара молитви за семејствата на починатите“, се вели во објавата на клубот.
A família Palmas FR está de luto pela perda inestimável do presidente Lucas Meira, dos atletas Guilherme Noé, Lucas Praxedes , Marcus Molinares Reis, Ranule Gomes e do comandante Wagner. Agradecemos as manifestações de apoio e carinho nesse momento de dor. pic.twitter.com/Lnakg8OC41
— Palmas Futebol (@PalmasFutebol) January 24, 2021
Спорт
Јохансон до победа во Лахти, Гранеруд падна при поставувањето на рекордот на скокалницата

Норвешкиот ветеран Роберт Јохансон триумфираше на натпреварувањата во Ски скокови во финскиот Лахти собирајќи 265.9 поени со скоковите од 128.5 и 126.5 метри, победувајќи го Германецот Маркус Ајзенбихлер за 1.7 поени, додека трет беше уште еден германец Карл Гајгер со 264 поени.
Сепак, приказната на денот е младиот сонародник на Јохансон и лидер во генерален пласман, Халвор Гранеруд. Тој беше убедливо прв по првата серија со скок од 132.5 метри и ќе победеше и со потпросечен скок, но тој се обиде да стигне до рекордот на скокалницата и стигна до 137.5 метри, но падна при доскокот. На крајот тој заврши како четврти.
Гранеруд е убедливо прв во генерален пласман со 1.006 поени пред Ајзенбихлер (796) и победникот на „4 скокалници“, Полјакот Камил Стох (661).
#WinningJump: Robert Johansson / #Lahti#skijumping #FISskijumping #lahtiskigames pic.twitter.com/pl9wW2eg4a
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) January 24, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот