Спорт
Мајами лесно против Њу Џерси, Њу Орлеанс не запира
Пет победи на гостинските екипите кои гостуваа на деветте одиграни натпревари во НБА лигата.
Мајами без проблеми го победи Њу Џерси со 101:89, предводник на тимот беше Двејн Вејд со 29 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Останатите двајца од големото трио на Мајами, Леброн Џејмс и Крис Бош постигнаа 23, односно 21 поен.
Орландо го забележа четвртиот триумф во последните пет натпревари. „Магичните“ во Шарлот ја победија домашната екипа во 88:91. Рашад Луис и Двајт Хауард ја предводи екипата со по 22 постигнати поени.
Во дербито на Тексас, Сан Антонио по продолжението го победи Хјустон со 124:121. Четворица играчи на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број на кошеви: Ману Џинобили (28 поени), Тим Данкан ( 19 поени, 11 скокови), Тони Паркер (21 поен, 14 асистенции) и Ричард Џеферсон (22 поени). Кевин Мартин беше најпрецизен кај Хјустон со 22 коша, оваа екипа сеуште нема победа во новото првенство.
Продолженија се играа и на натпреварот Јута-ЛА Клиперс, „џезерите“ победија со 109:107. Јута во второто полувреме успеа да надополни негатива од 16 поени и да победи по две продолженија. Џером Вилијамс имаше блескава вечер со 30 поени, 8 асистенции и 7 скока. Двоен ефект забележаа Пол Милсап ( 25 поени и 13 скокови) и Ал Џеферсон (18 поени и 10 скокови). Минатосезонскиот руки Блејк Грифин кај Клиперси мечот го заврши со 16 поени и 17 скокови.
Њу Орлеанс и во шестиот натпревар го задржа максималниот ефект, во Милвоки „стршлените“ победија со 81:87. Дејвид Вест натпреварот го заврши со 30 поени, 6 скока и 4 асистенции.
Кармело Ентони постигна 27 поени, а Чонси Билапс 18 во победата на Денвер во Далас од 92:103. Џејсон Тери со 26 и Дирк Новицки со 23 поени беа најпрецизни во екипата на Далас.
Мемфис во Сакраменто ја прекина серијата од три порази, „гризлите“ победија со 91:100. Вашингтон загуби од Кливленд 102:107, а Портланд го победи Торонто со 97:84.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

