Спорт
Свечено отворен јубилејниот 40- Златен гонг
Во Салата Борис Трајковски во свечена атмосфера беше отворен Јубилејниот 40-ти Златен гонг.
Пред почетокот на вечерните борби пред построените учесници на турнирот поздравен говор одржа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а турнирот го отвори директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов.
На првиот победник на Златниот гонг од 1969 година, прославениот југословенски боксерски ас, сега 68 годишниот Звонко Вуин Спасов му додели златна плакета.
Во денешните борби од македонските боксери Ибраим Мустафи (-60 кг) го победи Чехот Меран Алекозјан со 8:1, Горан Антиќ (-64 кг. загуби од Бугаринот Иван Павлов, а Жута Фатлум (-75 кг) загуби од Црногорецот Бојан Пешиќ со 2:4.
Најдобар впечаток денеска покажаа Кубанците. Карлос Бантеур Суарез (-69 кг) со технички нокаут во првата рунда го победи Чехот Дени Калоус, а Хулио Ле Круз Пераза (-81 кг) исто така со ТКО го победи чехот Станислав Старек во втората рунда. Најефектен беше нокаутот кој го постигна Албанецот Астмер Билали откако по еден страотен десен директ речиси го извади од кондури Бугаринот Евгениј Петрињачев, па неговиот тренер веднаш фрли крпа во рингот за да спречи потешки последици за својот боксер.
Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: (-60 кг) Колин Мавродиев (Буг.) – Елтон Чанај (Алб.) 13:5, (- 64 кг.) Дарио Вангели (Ит.) – Џемал Фетаховиќ (БиХ) 1:1 победа на италијанскиот боксер, (-64 кг.) Сергеј Хигајев (Рус.) – МИодраг Смиљаниќ (Срб.) 9:3, (-75 кг.) Максим Сазизов (Рус.) – Сачвазоре Грибко (Ит.) 2:0, (- 75 кг.) Камил Зеремета (Пол.) – Емилио Кореа Бајо (Куб.) 2:1, (- 75) Албан Бермета (Алб.) – Томаш Безвода (Чеш.) 4:0, Велибор Видиќ (БиХ) – Апинтилиеса Адриан Чатали (Ром.) 9:3. крај/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

