Спорт
Свечено отворен јубилејниот 40- Златен гонг

Во Салата Борис Трајковски во свечена атмосфера беше отворен Јубилејниот 40-ти Златен гонг.
Пред почетокот на вечерните борби пред построените учесници на турнирот поздравен говор одржа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а турнирот го отвори директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов.
На првиот победник на Златниот гонг од 1969 година, прославениот југословенски боксерски ас, сега 68 годишниот Звонко Вуин Спасов му додели златна плакета.
Во денешните борби од македонските боксери Ибраим Мустафи (-60 кг) го победи Чехот Меран Алекозјан со 8:1, Горан Антиќ (-64 кг. загуби од Бугаринот Иван Павлов, а Жута Фатлум (-75 кг) загуби од Црногорецот Бојан Пешиќ со 2:4.
Најдобар впечаток денеска покажаа Кубанците. Карлос Бантеур Суарез (-69 кг) со технички нокаут во првата рунда го победи Чехот Дени Калоус, а Хулио Ле Круз Пераза (-81 кг) исто така со ТКО го победи чехот Станислав Старек во втората рунда. Најефектен беше нокаутот кој го постигна Албанецот Астмер Билали откако по еден страотен десен директ речиси го извади од кондури Бугаринот Евгениј Петрињачев, па неговиот тренер веднаш фрли крпа во рингот за да спречи потешки последици за својот боксер.
Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: (-60 кг) Колин Мавродиев (Буг.) – Елтон Чанај (Алб.) 13:5, (- 64 кг.) Дарио Вангели (Ит.) – Џемал Фетаховиќ (БиХ) 1:1 победа на италијанскиот боксер, (-64 кг.) Сергеј Хигајев (Рус.) – МИодраг Смиљаниќ (Срб.) 9:3, (-75 кг.) Максим Сазизов (Рус.) – Сачвазоре Грибко (Ит.) 2:0, (- 75 кг.) Камил Зеремета (Пол.) – Емилио Кореа Бајо (Куб.) 2:1, (- 75) Албан Бермета (Алб.) – Томаш Безвода (Чеш.) 4:0, Велибор Видиќ (БиХ) – Апинтилиеса Адриан Чатали (Ром.) 9:3. крај/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леброн Џејмс ги победи „своите“

Леброн Џејмс се врати во Кливленд и ги предводеше Лејкерси до победата 115:108, над својот поранешен клуб.
Џејмс го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 46 поени (19/26 шут од поле), осум скока и шест асистенции. Најблиску до Џејмс од соиграчите беше Ентони Дејвис (17 поени).
Кај Кливленд, подобри од останатите беа Андре Драмонд со брилијантен дабл-дабл (25 поени, 17 скокови) и Џеди Осман (20 поени).
Резултати:
Детроит-Филаделфија 119:104
Индијана-Торонто 129:114
Орландо-Шарлот 117:108
Бруклин-Мајами 98:85
Кливленд-ЛА Лејкерс 108:115
Далас-Денвер 113:117
Чикаго-Бостон 103:119
Голден стејт-Минесота 130:108
Портланд-Оклахома 122:125
Спорт
Една година од смртта на Коби Брајант

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа, на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант заедно со својата ќерка Џијана. Во трагичната несреќа настрадаа и пилотот на хеликоптерот и уште шест семејни пријатели на Брајант. Сите патувале во Таусанд Окс, на натпревар на тимот во кој тренер бил Коби, а најдобра кошаркарка неговата ќерка Џијана.
Хеликоптерот се урнал поради густата магла, кога пилотот изгубил ориентација, а леталото удрило во планината кај Калабасас.
Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, легенда на ЛА Лејкерс. Во НБА-лигата играше 20 години, со Лејкерс пет пати бил шампион, двапати бил најдобар стрелец во лигата, двапати бил МВП на финалето и еднаш на регуларниот дел на сезоната.
18 пати настапил на Ол-стар натпреварот, 11 пати бил избиран во идеалната петорка во лигата.
Во НБА-лигата вкупно постигнал 33.643 поени, на вечната листа се наоѓа на четвртото место. Кариерата ја завршил со просек од 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.
Со репрезентацијата на САД освоил два златни медали на ОИ во 2028 и 2012 година.
Спорт
Дабл-даблот на Јокиќ вреди повеќе од трипл-даблот на Дончиќ – Денвер победи во Далас

Дуелот на тимовите кои ги предводат младите ѕвезди од Балканот, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, предизвика најголемо внимание изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го победи Далас со 117:113. За Нагетс ова беше четвртата победа во низа, додека Маверокс го забележаа третиот пораз на последните пет натпревари.
Јокиќ за Денвер одигра 33 минути, постигна 20 поени, на кои придодаде 10 скока и четири асистенции. До победата Денвер го предводеше Мајкл Портер јуиор, кој се врати во тимот по повредата, со 30 поени и осум скока. Вториот најдобар играч на Денвер Џамал Мареј, поради неспортски потег беше исклучен.
Лука Дончиќ, во редовите на Далас, натпреварот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Словенецот немаше помош од соиграчите, најблиску до него беше Тим Хардавеј јуниор, стрелец на 19 поени.
Денвер со скор од 10 победи и 7 порази се седми на Западот, додека Далас се 10. со скор 8 победи и 9 порази.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот