Спорт
Познати полуфиналните двојки на Мастерсот во Париз

На тенискиот Мастерс турнир во Париз, по одигрувањето на четврфиналните мечеви, познати се полуфиналните двојки.
Робин Содерлинг по 87 минути игра, во два сета со 7:5 и 6:4 го совлада Енди Родик и се избори за полуфинален меч против домашниот тенисер Микаел Лодра.
Францускиот тенисер по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во претходната рунда на патот до полуфиналето му одржа лекција на Николај Давиденко. Лодра победи со 2:0 (7:5, 6:1) и покажа дека се наоѓа во одлична форма во пресрет на финалето во Девис купот, каде неговата репрезентација од 3 до 5 декември за противник ќе ја има Србија.
Во второто полуфинале ќе играат Рожер Федерер и Гаел Монфилс. Федерер со максимални 2:0 (6:1, 7:6) го победи Јирген Мелцер. Швајцарецот против Мелцер сервираше рекордни 18 аса кога се во прашање мечевите кои ги одиграл во два сета.
На задоволство на француската публика во полуфиналето е и Гаел Монфилс. Црномурестиот тенисер, во меч кои траеше 1 час и 49 минути, во три сета, 6:2, 2:6, 6:3 го победи фаворизираниот Енди Мареј.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.
Спорт
(Видео) Навивачите на Гримзби лудо ја прославија победата над Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Гримзби ја остварија една од најголемите, ако не и најголемата победа во својата историја. Синоќа во втората рунда од Лига купот го елиминираа Манчестер јунајтед.
Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал), го елиминира великанот не само на англискиот туку и на светскиот фудбал по 13 серии пенали.
По 90 минути беше 2:2, откако Јунајтед во последните 15 минути ја надомести негативата од два гола.
Потоа следеше изведување на пенали, каде што Матеус Куња го промаши пеналот за победа на „црвените ѓаволи“,во петтата серија, а потоа во 13-та серија, Брајан Ембумо стана трагичар, ја погоди гредата, а Гримзби оствари шокантна победа.
На теренот на „Бландел Парк“ во градот Клиторпс настана хаос, огромен број локални навивачи влегоа на теренот и заедно со играчите го прославија овој историски успех.
Гримзби Таун е клуб кој се натпреваруваше во Лига 2 и Лига 3 во последните години.
Последен пат во Првата лига овој клуб играл пред 77 години.
Што се однесува до Јунајтед, тој тоне сè подлабоко и подлабоко.
Спорт
Аморим по дебаклот од Гримзби: Само еден тим играше на теренот

Манчестер јунајтед доживеа уште еден нокаут, многумина ќе речат историски откако доживеа елиминација од Лига купот, од тимот од четвртата лига, Гримзби.
„Црвените ѓаволи“, лошо влегоа во сезоната, во првите две кола освоија само еден бод,а елиминцијата од Гримзби, по 13 серии пенали, под знак прашање ја ставија иднината на менаџерот Рубен Аморим.
По натпреварот, Рубен Аморим беше целосно депресивен и даде многу чудна изјава:
„Денес победи подобриот тим, единствениот тим што беше на теренот. Мислам дека тимот и играчите зборуваа многу гласно денес, тоа е тоа. Изгубивме, подобриот тим победи“, рече Аморим и продолжи криптички: „Мислам дека е многу јасно што кажаа играчите денес, па да продолжиме понатаму, мислам дека на сите им е јасно што се случи денес.“
🗣️ "The best team won. The only team that was on the pitch."
Ruben Amorim reacts to Manchester United's Carabao Cup exit after defeat to Grimsby Town on penalties. pic.twitter.com/Vgwpweyy0U
— Sky Sports Football (@SkyFootball) August 27, 2025