Спорт
Руските одбојкарки ги победија САД

.Одбојкарките на Русија со 3:1 (25:16, 13:25, 25:19, 25:21) ја совладаа американската репрезентација и се пласираа во финалето на СП во одбојка за жени што се одржува во Јапонија. Екатерина Ѓамова со 22 поени беше најдобра во рускиот состав кој ја брани титулата светски првак, а во селекцијата на САД Дестини Хукер забележа 23 поени.Во неделното финале противник ќе им биде победникот од вториот полуфинален дуел Јапонија – Бразил Во мечевите од 5-8 место Италија ја победи Србија со 3:0 (25:20, 25:15, 25:22), а Турција беше подобра од Германија по победата од 3:2 (25:23, 25:18, 14:25, 20:25, 15:11). Така во мечот за 5 место ќе се сретнат Турција – Италија, а за 7 место ќе играат Србија – Германија. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хендерсон: Сите во Ливерпул имаат огромна почит кон Рашфорд

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон пред големото дерби против Манчестер јунајтед зборуваше за огромната почит која сите во клубот ја имаат кон противничкиот напаѓач Маркус Рашфорд за неговата работа во добротворни цели.
Рашфорд во текот на пандемијата на КОВИД-19 делумно стана активист, борејќи се со детската сиромаштија, поведувајќи неколку кампањи за доделување на храна на учениците кои не одат на училиште.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во октомври изјави дека е горд на Рашфорд, а сега Хендерсон иако признава дека нема да има простор за сентименалности во дербито, вели дека мора да му се оддаде почит на Рашфорд, кој ја продолжи и добрата форма на теренот со 14 гола и 9 асистенции ова сезона.
„Овојпат, ќе го ставиме ривалството на страна и ќе му оддадеме почит на еден од фудбалерите на Јунајтед, и мислам дека сите фанови ќе ме поддржат во тоа, бидејќи се работи за Маркус Рашфорд. Тоа што го направи тој во последните 12 месеци е неверојатно. Се бореше против сиромаштијата, даде глас на децата кои го немаат тоа, и ја искористи својата репутација да помогне на другите. Секоја награда и секоја пофалба која ја добива, не само што е заслужена, туку и е премалку. Енди Робертсон неодамна кажа дека Маркус би бил првиот фудбалер на Јунајтед кој би добил аплаузи и овации од публиката на ‘Енфилд’. Тоа нема да се случи сега, но се надевам дека тој знае дека сите во Ливерпул имаат целосна почит кон него. Тој е пример за сите. Имам среќа што го имам како колега во англиската репрезентација, но денеска тоа нема да важи и знам дека и тој го мисли истото. Денеска е ден за ривалство“, вели Хендерсон.
Спорт
Чалханоглу и Ернандез позитивни на КОВИД-19

илан потврди дека нивните фудбалери Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез се позитивни на КОВИД-19, што претставува нов проблем за тренерот Стефано Пиоли пред понеделничкото гостување кај Каљари.
Двајцата не тренираа во петокот поради „неконклузивни“ тестови, пред во саботата да се потврди нивниот позитивен тест.
„Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез имаат позитивни тестови, но остатокот од фудбалерите се негативни. Двајцата фудбалери, кои немаат симптоми, веднаш се сместени во домашен карантин. Сите други членови на тимот ќе бидат подложени на строго тестирање според протоколите“, се вели во соопштението на Милан.
Спорт
Солскјер: Беше прекрасно да ги замолчиш навивачите на „Енфилд“

Оле Гунар Солскјер ги предупреди своите играчи да не стануваат премногу самоуверени откако се искачија на првото место во Премиер лигата пред денешното гостување на „Енфилд“ во битка на двата првопласирани тима.
Пред точно една година, Мо Салах и Виргил ван Дајк постигнаа голови за 2:0 победа на Ливерпул над Јунајтед за да се одвојат 16 поени пред лутите ривали, но оваа сезона ситуацијата е поинаква.
„Пресвртот е дел од напорната работа на сите во клубот, играчите, навивачите, придружниот состав. Имаше многу работа за да стигнеме тука, но не треба да бидеме самоуверени. Ако се качиш на Килиманџаро или Монт Еверест и седнеш да се опуштиш горе, што се случува? Ќе замрзнеш и ќе умреш. Затоа сега мораме да туркаме напред и да не застанеме. Има промена на менталитетот на момците, кои веруваат дека можеме да оствариме големи работи“, вели Солскјер.
Во 11-те години како фудбалер на Јунајтед, тој имаше шанса да одигра многу мечеви против Ливерпул и знае што значи тој меч.
„Го обожавав тој меч. Големите мечеви беа најважни, иако во многу од нив не стартував, туку почнував на клупата. Играв кога Диего Форлан постигна два гола на ‘Енфилд’, бев на клупата кога Гери Палистер исто така даде два гола со глава. Кога имаше фанови и кога можеше да ги замолчиш и гостинските навивачи беа погласни, тоа беше одлично чувство. Сега, нема да имаме фанови за да ги замолчиме, така што одиме поинаку“, објаснува Солскјер.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира