Спорт
Пораз на ватерполистите во Белград

Ватерполо репрезентацијата на Македонија е поразена во Белград во првото коло од новиот циклус од квалификациите за Светската лига, од репрезентацијата на Србија со 10:6.
Вечерва во водите на белградскиот базен „Ташмајдан“ македонските репрезентативни ватерполисти во рамките од првото коло од Групата 1 не можеа посериозно да му се спротивстават на далеку поискусниот и поквалитетен домаќин.
Репрезентацијата на Србија беше подобра со вкупен резултат од 10:6, или по четвртини 1:0, 4:3, 3:1 и 2:2.
Головите за македонската репрезентација ги постигнаа Игор Рачуница, Владимир Кречковиќ, Игор Милановиќ и Данијел Бениќ а најдобар впечаток остави Иван Вуксановиќ кој постигна два гола.
Кај српските ватерполисти најефикасен играч на натпреварот беше Андрија Прлаиновиќ кој ги постигна половината од погодоците на својата екипа – пет, а за „делфините“ стрелци уште беа Никиќ, Удовичиќ, Филиповиќ, Вапенски и Алексиќ.
Мечот изобилуваше со индивидуални надмудрување и атрактивност, а имаше само три исклучувања за македонските и две за српските ватерполисти.
Во вториот натпревар од оваа група играат Шпанија и Германија.Следниот натпревар Македонија го игра на 7-ми декември кога во Скопје треба да гостува Шпанија./крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса ја освои Москва, Фенербахче го „уништи“ ПАО

Барселона и покрај тоа што во тимот ги немаше Никола Миротиќ и Брендон Дејвис, стигна до фантастична 88:75 победа над ЦСКА Москва во Русија во битката на првопласираниот и второпласираниот тим во Евролигата.
Кори Хигинс постигна 25 поени против поранешниот клуб, а Алекс Абринес имаше 19 поени, а Ник Калатес додаде 13 поени, 7 асистенции и 6 скока за тимот на Шарунас Јасикевичиус, кој се врати од 12 поени негатива во втората четвртина за 40:42 на полувреме, за ЦСКА потоа да се мачи со играта од поле 21-од-50 за два поени и 4-од-21 за три поени.
Мајк Џејмс заврши со 18 поени за ЦСКА, Никола Милутинов имаше 15 и 6 скока, додека Торнике Шенгелија имаше 10 поени и 7 скока.
Фенербахче, пак, го продолжи патот кон плејофот со огромна 100:74 победа над Панатинаикос во дебито на новиот тренер на грчкиот тим, Израелецот Одед Каташ. Тимот на Игор Кокошков имаше фантастичен почеток и со серија од 18:0 ја доби првата четвртина со 31:12, предност која не ја загуби до крајот.
Марко Гудуриќ заврши со 18 поени, Јан Весели имаше 12, за петта победа во низа на Фенер и подобрување на скорот на 10-10. Од другата страна, Немања Недовиќ беше ограничен на 6 поени, а Арон Вајт со само 13 беше најдобриот стрелец.
ЕВРОЛИГА, 20.КОЛО
ЦСКА Москва – Барселона 75:88 (25:20, 16:22, 15:22, 19:24)
Фенербахче – Панатинаикос 100:74 (31:12, 17:22, 26:21, 26:19)
Зенит Санкт Петерсбург – Жалгирис 77:65 (17:14, 19:22, 20:13, 21:16)
Спорт
Хрватска спасуваше глава против Јапонија, Германија го понижи Уругвај

Хрватската ракометна репрезентација, која треба да важи за еден од фаворитите за медал на мундијалот во Египет, се намачи со аутсајдерот Јапонија одигрувајќи 29:29 со гол од пенал во последните секунди од мечот.
Хрватска имаше водство од 1:0 по што неверојатно контролата ја презеде Јапонија наоѓајќи дупка во одбраната на „коцкестите“ за да поведе со неверојатни +6 по 24 минути игра за на полувремето тимот на исландскиот тренер Дагур Сигурдсон да има 17:14.
Хрватите ги намалија грешките во второто полувреме, а проработе и Домагој Дувњак за да успеат да израмнат на 23:23 на 13 минути пред крајот на натпреварот. Иако се очекуваше тука да го зададат клучниот удар, Јапонците не го даваа водството за на крајот Иван Чупиќ со гол од пенал на пет секунди пред крајот на мечот да извлечат 29:29. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар за тимот на Лино Червар, а по четири имаа Дувњак и Лука Циндриќ, додека за Јапонија, Токуда и Агарие имаа по шест гола.
Разликата во класа на еден ракометен мундијал најдобро го отсликуваше мечот помеѓу европскиот гигант Германија и Уругвај. Германците во првото полувреме дозволија да примат само четири гола од јужноамериканската репрезентација водејќи со 16:4, а иако во второто дозволија повеќе голови, на крајот резултатот беше астрономски 43:14.
Во групата Б, Катар со 30:25 ја совлада Ангола, а Бразил со сензационален пресврт во второто полувреме дојде до 29:29 реми со фаворизираната Шпанија.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЕГИПЕТ, 1. КОЛО
ГРУПА А
Германија – Уругвај 43:14 (16:4)
Унгарија – Зеленортска Република 20.30 ч
ГРУПА Б
Шпанија – Бразил 29:29 (16:13)
Полска – Тунис 20.30 ч
ГРУПА Ц
Катар – Ангола 30:25 (14:13)
Хрватска – Јапонија 29:29 (14:17)
ГРУПА Д
Аргентина – ДР Конго 28:22 (13:14)
Данска – Бахреин 20.30 ч
Спорт
Бекам и на 45 години знае по некоја финта

Газдата на американскиот МЛС-тим, Интер Мајами, и англиска фудбалска легенда, Дејвид Бекам, покажа дека уште има по некој трик во своите нозе тренирајќи со академијата на клубот во четвртокот.
45-годишниот Бекам, кој се повлече од спортот во 2013 по настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Пари-Сен Жермен и Лос Анџелес галакси, си облече копачките и им делеше лекции на младите фудбалери, понекогаш дури и буквално.
Во видеото од тренинг-сесијата Бекам дава гол протнувајќи ја топката меѓу нозе на младиот противник по што покажува кон камерата и се смее. Ова инаку беше првпат тој да присуствува на тренинзи на својот клуб по почетокот на сезоната 2020 поради пандемијата на Ковид-19.
„Беше прекрасно да се биде со играчите од академијата, се потсетив на деновите од Манчестер јунајтед. Развојот на млади таленти е многу важен за нашата иднина“, напиша Бекам на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира