Спорт
Андерс Линдегард замена за Ван Дер Сар

Во очекување на најавуваното пензионирање на прославениот голман на Манчестер Јунајтед Едвин Ван Дер Сар на крајот на оваа сезона, на повидок е неговата замена меѓу стативите.Неопходните лекарски прегледи во реномирана институција во Англија ги извршува данскиот голман Андерс Линдегард (193 см.), член на норвешкиот прволигаш Алесунд. Линдегард има четири настапи за данската репрезентација и е прва замена на подолго време голманот број 1 на Данска Томас Соренсен.Доколку добие позитивен наод од лекарската комисија, Линдегард нема да чека до јуни, туку во Манчестер ќе замине уште во зимскиот преоден рок кој што започнува на 1 јануари идната година. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши СП за Лука Циндирќ
Лука Циндриќ, еден од најважните играчи во хрватската репрезентација, поради повреда, го заврши своето учество на Светското првенство во Египет.
Циндриќ беше неизвесен за натпреварот против Јапонија, но тој сепак беше во тимот, одигра 42 минути, постигна четири гола. Дуелот Хрватска Јапонија заврши без победник 29:29.
Прегледите по мечот со Јапонија, покажале дека повредата која Циндирќ ја влече подолго време се влошила.
Повредата на Циндриќ претставува сериозен удар за Хрватска, бидејќи селекторот Лино Червар на позицијата среден бек остана само со играчот на Нексе Јанко Кевиќ. Во отсуство на Игор Карачиќ, кој би требало да биде подготвен за вториот круг, целиот товар во организацијата на играта ќе падне врз капитенот Домагој Дувњак.
Хрватска, утре, во второто коло, од 18 часот ќе игра против Ангола.
Спорт
„Хабиб ќе се врати ако види нешто спектакуларно“

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ги објави деталите од состанокот што го имал со Хабиб Нурмагомедов. Вајт и борецот од Дагестан кој замина во пензија, се сретнале во петокот во Абу Даби.
Вајт открил дека не успеал да го убеди Нурмагомедов да се врати во октагонот, меѓутоа непоразениот во лесна категорија, рекол дека ќе размисли и ќе реши дали ќе се врати, по борбите што следат, а во кои ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, односно Ден Хукер и Мајкл Чендлер.
„Ќе ги гледа тие борби кои ќе се одржат наредниот викенд. Доколку направат нешто спектакуларно, тогаш можеби ќе се врати“, открил Вајт.
„Смета дека Чарлс Оливеира бил одличен против Тони Фергусон, а доколку момците наредниот викенд приредат спектакл, Хабиб би можел повторно да влезе во октагонот“.
Хабиб кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.
Спорт
Минималец на Челси против Фулам

Челси, како гости, славеа минимална победа над градскиот ривал Фулам, во 19.коло во Премиер лигата. „Сините“, ставија крај на лошата серија, тие беа поразени на претходните три натпревари (Арсенал, Астон Вила, Манчестер сити).
Челси беа подобриот тим на теренот, но дури во финишот ја обезбедија победата. Во првиот дел Маунт го погоди дирекот, а Ареола го одбрани ударот на Ридигер. Во последната минута од првиот дел Фулам остана со играч помалку на теренот. Робинсон, поради жесток старт доби црвен картон.
Теренската надмоќ во вториот дел Челси ја реализираше во 78.минута, кога Маунт го постигна единствениот гол.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира