Спорт
Борусија не запира, Мајнц ја прекина серијата на порази

Екипата на Борусија од Дортмунд и во 13-то бундеслигашко коло ја продолжи победничката серија. Лидерот на табелата со пресврт ги освои бодовите во Фрајбург и ја забележа четвртата последовна победа. Борусија и понатаму е единствениот тим во лигата со двоцифрен број на победи, вкупно единаесет.
Во 13-то коло на победите им се врати Мајнц на македонскиот репрезентативец Николче Новевски. Во Менхенгладбах Мајнц победи со 3:2, а Новевски го одигра целиот натпревар.
Ајнтрахт во Франкфурт беше декласиран од Хофенхајм со 4:0. Во екипата на Ајнтрахт, Ока Николов го одигра целиот натпревар, додека Александар Васовски мечот го преседе на резервната клупа.
Играч на колото е ветеранот Раул, легендата на мадридски Реал, во победата на неговиот тим над Вердер од 4:0 постигна три гола. Во дербито на колото Баер Леверкузен и Баерн Минхен одиграа 1:1.
Комплетни резултати:
Штутгарт-Келн 0:1Санкт Паули-Волфзбург 1:1Борусија Менхенгладбах-Мајнц 2:3Ајнтрахт-Хофенхајм 0:4Хановер-Хамбургер 3:2Нинберг-Кајзерслаутерн 1:3Фрајбург-Борусија Дортмунд 1:2Шалке-Вердер 4:0Баер Леверкузен-Баерн Минхен 1:1.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ИХФ ги објави термините во кои ќе игра Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија, утре ќе стартува во втората фаза на 27. Светско првенство, кое до 31.јануари се одржува во Египет.
Противници на Македонија во втората фаза ќе бидат Русија, Словенија и Белорусија. Сите натпревари македонската селекција ќе ги одигра во терминот од 15.30 часот.
Утре, Македонија ќе игра против Словенија, која во втората фаза влегува со два бода, на 22.јануари ќе биде Русија која пренесе три бода во новата група, а два дена подоцна избраниците на Данило Брестовац ќе играат против Белорусија.
Фото/www.ihf.info/competitions/men/27th-ihf-mens-world-championship
Спорт
Троицки: Ужас, катастрофа. Да знаев немаше да дојдам на Австралија опен

Виктор Троицки, селектор на Девис куп репрезентацијата на Србија, не е задоволен од условите во кои се наоѓаат играчите пред почетокот на Австралија опен. Во интервју за „Спортски журнал“, рекол дека се во Мелбурн е катастрофа и дека поради карантинот во кој се наоѓа ќе има проблеми со формата понатаму во сезоната.
„Ова е ужас, тотален хаос. Затворен сум две недели, не смеам да излезам од собата. Нема тренинзи, нема ништо. Ми пропадна Гренд слемот, па не можам седејќи во соба да се подготвувам за меч во пет сетови“, рекол Троицки.
„Ужас, катастрофа. Да знаев, немаше да дојдам“.
Организаторот на тенисерите не им најави дека ги чека 14-дневен карантин, туку тие требаа да имаат неколку часа во денот за тренинзи.
„Паѓаат во вода претходните подготовки. Две недели лежење. Сигурно е дека во следните месец и пол нема да можам да се вратам во форма. Ова ми прави хаос во кариерата“, заклучил Троицки.
За потсетување, пред два дена беше објавено дека сите тенисери, тенисерки и членовите на струшните штабови, кои во Мелбурн пристигнале со чартер-летот од Лос Анџелес, мра да бидат во строг карантин, бидејќи двајца од патниците биле позитивни на коронавирусот.
Инаку, Троицки, во Доха играше квалификации за пласман на Австралија опен. Со три победи тој избори настап на турнирот.
Спорт
943 дена е играч на Реал, утре ќе дебитира за првиот тим

Андриј Лунин играч на Реал е од јули 2018 година но се уште нема дебитирано за првиот тим. Брилијантните настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, му го овозможија трансферот во „кралскиот клуб“. Реал, во 2018 година за голманот Лунин, на Зорија им платија 8,5 милиони евра.
Андриј Луни со Реал потпиша пет годишен договор, но не успеа да се избори за место во тимот, во конкуренцја на врвните голмани Кејлор Навас и Тибо Куртоа.
Реал го испрати Лунин на позајмица во Леганес, каде што бранел на седум натпревари, потоа бранел два натпревари за Ваљадолид, а вториот дел од минатата сезона ја мина во Овиедо.
Реал на почетокот на оваа сезона решија да го промовираат во втор голман.
Според најавите на шпанските медиуми, Лунин утре ќе дебитира за првиот тим на Реал, на натпреварот во Купот на Шпанија, против Алкојано.
Ниту еден играч на Реал не чекал толку долго за да дебитира за првиот тим. Лунин е играч на Реал точно 943 дена.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира