Спорт
Металург и Жито Прилеп ги добија противничките во евро куповите

Во седиштето на ЕХФ во Виена денес беа извлечени двојките за понатамошните фази во европските ракометни купови, во женска конкуренција.
Актуелните шампионки на Македонија, ракометарките на Металург во Купот на ЕХФ за противник ја добија руската Лада. На првиот осминафинален натпревар на 5 или 6 февруари Металург ќе гостува во Русија, реваншот ќе се одигра на 12 или 13 февруари во Скопје. Вториот македонски преставник екипата на Жито Прилеп, во осминафиналето на Челинџ купот ќе се сретне со екипата на Арион од Грција. Жито Прилеп првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен. Осминафинални двојки во Купот на ЕХФ:
Лада (Русија)-Металург (Македонија)Олимпија (Словенија)-Холстебро (Данска)Митиланд (Данска) – ХАК (Франција)Олденбург (Германија-Зајечар (Србија)Бјасен (Норвешка)-Бац (Унгарија)Вејен (Данска)-Амстердам (Холандија)Сагунто (Шпанија)-Кубан Краснодар (Русија)Дунареа (Романија) – Ејсберг (Данска)
Осминафинални двојки во Челинџ купотАрион (Грција)-Жито Прилеп (Македонија)Академија (Холандија)-Де Гаиа (Португалија)Муратпаша (Турција)-Жувелис (Португалија)Баку (Азербејџан)-Сокол Пишек (Чешка)Јагодина (Србија)-Миос Бижанос (Франција)Винтетртур (Швајцарија)-Спартак Киев (Украина)Далфсен (Холандија) -Ним (Франција)Комител (Италија)-Врњачка Бања (Србија).крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хрватска „спасуваше глава“ против Јапонија, Германија го понижи Уругвај

Хрватската ракометна репрезентација, која треба да важи за еден од фаворитите за медал на Мундијалот во Египет, се намачи со аутсајдерот Јапонија, одигрувајќи 29:29 со гол од пенал во последните секунди од мечот.
Хрватска имаше водство од 1:0, по што неверојатно контролата ја презеде Јапонија, наоѓајќи „дупка“ во одбраната на „коцкестите“ за да поведе со неверојатни +6 по 24 минути игра, за на полувремето тимот на исландскиот тренер Дагур Сигурдсон да имаат 17:14.
Хрватите ги намалија грешките во второто полувреме, а проработе и Домагој Дувњак, за да успеат да израмнат на 23:23 на 13 минути пред крајот на натпреварот. Иако се очекуваше тука да го зададат клучниот удар, Јапонците не го даваа водството, за на крајот Иван Чупиќ со гол од пенал на пет секунди пред крајот на мечот да извлечат 29:29. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар за тимот на Лино Червар, а по четири имаа Дувњак и Лука Циндриќ, додека за Јапонија, Токуда и Агарие имаа по шест гола.
Разликата во класа на еден ракометен мундијал најдобро го отсликуваше мечот помеѓу европскиот гигант Германија и Уругвај. Германците во првото полувреме дозволија да примат само четири гола од јужноамериканската репрезентација, водејќи со 16:4, а иако во второто дозволија повеќе голови, на крајот резултатот беше астрономски 43:14.
Во групата Б ха Хрватска, Катар со 30:25 ја совлада Ангола, додека Бразил со сензационален пресврт во второто полувреме дојде до 29:29 реми со фаворизираната Шпанија.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЕГИПЕТ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Германија – Уругвај 43:14 (16:4)
Унгарија – Зеленортска Република 20.30 ч.
ГРУПА Б
Шпанија – Бразил 29:29 (16:13)
Полска – Тунис 20.30 ч.
ГРУПА Ц
Катар – Ангола 30:25 (14:13)
Хрватска – Јапонија 29:29 (14:17)
ГРУПА Д
Аргентина – ДР Конго 28:22 (13:14)
Данска – Бахреин 20.30 ч.
Спорт
Бекам и на 45 години знае по некоја финта

Газдата на американскиот МЛС-тим, Интер Мајами, и англиска фудбалска легенда, Дејвид Бекам, покажа дека уште има по некој трик во своите нозе тренирајќи со академијата на клубот во четвртокот.
45-годишниот Бекам, кој се повлече од спортот во 2013 по настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Пари-Сен Жермен и Лос Анџелес галакси, си облече копачките и им делеше лекции на младите фудбалери, понекогаш дури и буквално.
Во видеото од тренинг-сесијата Бекам дава гол протнувајќи ја топката меѓу нозе на младиот противник по што покажува кон камерата и се смее. Ова инаку беше првпат тој да присуствува на тренинзи на својот клуб по почетокот на сезоната 2020 поради пандемијата на Ковид-19.
„Беше прекрасно да се биде со играчите од академијата, се потсетив на деновите од Манчестер јунајтед. Развојот на млади таленти е многу важен за нашата иднина“, напиша Бекам на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Спорт
Одиме! Вајт на преговори со Хабиб, ќе успее ли да го врати во октагонот?

Шпекулациите за враќањето на УФЦ-шампионот Хабиб Нурмагомедов во кафезот се зголемија кога шефот на УФЦ, Дејна Вајт, објави кратко видео од двајцата како влегуваат во соба за состаноци.
Вајт, повторно во улога на голем шоу-мајстор, со наслов: „Одиме!“, првин го носи Нурмагомедов кон канцеларијата по што ја затвора вратата собирајќи илјадници лајкови за неколку часа. Претходно, Вајт изјави дека очекува состанокот да трае пет минути, во кои ќе добие јасен одговор – да или не.
Хабиб се повлече од спортот по победата над Џастин Гетџи минатата година велејќи дека така ѝ ветил на својата мајка по смртта на својот татко и ментор, Абдулманап Нурмагомедов. Подоцна, тој изјави дека си купил овци и дека ќе се посвети на добивањето факултетска диплома по економија, иако призна дека ќе го убедуваат да се врати со огромна сума пари. Секако, главна желба на фановите е римеч со Конор Мекгрегор кого го победи во четири рунди во 2018 година. Мекгрегор се враќа во кафезот против Дастин Поаире следниот викенд.
Here we go… @TeamKhabib pic.twitter.com/ToOMzjjYkI
— danawhite (@danawhite) January 15, 2021
View this post on Instagram
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира