Спорт
Пакистан ја одбрани титулата во хокеј на трева
На Азиските игри Пакистан во финалето ја совлада Малезија со 2:0 и ја одбрани титулата освоена на минатите игри. Индија е трета откако во малото финале ја победи Јужна Кореја со 1:0.Во ритмичка гимнастика екипно златото замина за Казахстан, сребрениот медал за Узбекистан, а бронзата ја освои Јапонија.На атлетските натпревари на програмата беа атрактивни дисциплини. Во машка конкуренција на 200 метри победи Феми Огонде (Катар 10,43 сек.) пред Кенји Фуџимицу (Јапонија 20,74) и Омар Алсалфа (ОАР 20,83). На 800 метри прв на целта пристигна Сајад Моради (Иран 1.45,45) втор беше Аднан Алминтфаге (Ирак 1.45,88), а трет Мусаеб Бала (Катар 1.46,19). Во дисциплината одење на 50 километри првото и второто место им припадна на Кинезите Си Тианфенг (3:47,04) и Ли Леи (3:47,34), а третото место го освои Коиширо Мориока (Јапонија 3:47,41).Во женска конкуренција на 200 метри победи Јапонката Чисато Фукушима (23,32), пред Хуонг Ту Ву (Виетнам 23,74) и Ѓузел Кубиева (Узбекистан 23,87). На 800 метри златото и припадна на Маргарита Мацко (Казахстан 2.00,29), среброто на Танг Ханг Труонг (2.00,91), а бронзата на Тинту Лука (Индија 2.01,36)Во спринтерската дисциплина 100 метри со пречки најбрза беше Ли Јеонг Кунг (Ј. Кореја 13,23) втора во целта влезе Натија Ивонинскаја (Казахстан 12,24), а трета Сун Јавел (Кина 13, 27). Во трискок најдолг скок имаше Олга Рипакова (Казахстан 14,78 м.), среброто го освои Ксие Лимеи (Кина 14,18 м.) а бронзениот медал замина за Тајланд со скокот на Титима Маунгјан од 13,85 метри. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

