Спорт
Навивач претепан до смрт во Бело Хоризонте

Навивачките групи на Атлетико Минеиро и Крузеиро наишле една на друга во бразилскиот град Бело Хоризонте додека оделе да навиваат за своите тимови.Во тепачката која што избила и во која учествувале 50 фанови на двата клуба од удари со железна прачка во главата смртно бил повреден 19- годишниот Отавио Фернандез. Уште двајца навивачи завршиле во болница но со повреди од кои животот не им е во опасност.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јунајтед убедливи против Борнмут, Вест Хем го победи Евертон

Одиграни се натпреварите од второто коло од летната серија на Премиер лигата. Натпреварите се играат во САД. Манчестер Јунајтед ја забележа својата втора победа, откако го победи Борнмут со 4:1, додека Вест Хем беше подобар од Евертон со 2:1.
Тимот на Рубен Аморим игра добро на турнејата во САД и ќе се врати во Англија со трофејот од летната серија.
Ја оствари својата втора победа и практично Јунајтед е недостижен на врвот на коло до крајот. Во дуелот меѓу двата тима што победија во првото коло, „Црвените ѓаволи“ беа убедливи. Борнмут беше поразен со 4:1 на „Солдер Филд“ во Чикаго.
Првото полувреме мина во знакот на левиот бек Патрик Доргу. Прво, во осмата минута, му асистираше на сонародникот Расмус Хејлунд за 1:0, а потоа и самиот постигна гол во 25-та минута.
Амад Дијало го зголеми резултатот на 3:0 во 53-та минута, додека 19-годишниот Итан Вилијамс ја затвори серијата голови на Манчестер јунајтед со гол во 72-та минута за 4:0. Конечните 4:1 и почесниот гол за „црешите“ беа дело на Матаис де Лихт, кој си постигна автогол во 88-та минута.
Во вториот натпревар, Вест Хем го победи Евертон со 2:1 по пресврт. Лукас Пакета ја одигра главната улога. По водечкиот гол на Евертон преку Идриса Гана Геј во 17-та минута, Бразилецот израмни во 41-та минута. Во 64-та минута, му асистираше на Никлас Филкруг за 2:1 и првата победа на американската турнеја.
Последното коло се игра во недела, а се среќаваат Манчестер јунајтед – Евертон и Вест Хем – Борнмут.
Спорт
(Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул

Виктор Осимен ќе го предводи нападот на Галатасарај и во следната сезона. Галата успеа да го откупи договорот на Виктор Осимен од Наполи за 75 милиони евра, што е убедливо најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.
Поради ова, навивачите на овој клуб беа воодушевени, па му приредија на Нигериецот незаборавно добредојде.
На социјалните мрежи се појави информација дека луѓето го следеле летот на Осимен за Истанбул, додека Галатасарај го следел летот на Нигериецот за Турција во живо на својот Јутјуб канал.
Victor Osimhen'in üçlüsü 🟡🔴 pic.twitter.com/QT5aKmQRQQ
— Le Marca Sports (@lemarcaspors_) July 30, 2025
Околу 20.000 навивачи го пречекаа Осимен, додека потпретседателот Адбулах Кавукџу беше пред клубот.
„Јас сум дома, каде што сакам да бидам“, рече Нигериецот по пристигнувањето во Истанбул.
Стрелецот на 37 гола на 41 натпревар има плата од 18.000.000 евра нето, со уште 10.000.000 евра што би можел да ги собере од реклами и спонзорски договори.
Victor Osimhen, arabasından inerek engelli taratarlarımızla fotoğraf çekildi… pic.twitter.com/1Kn2bOXJZJ
— Forza Cimbom (@forzacimbomtr) July 30, 2025
Спорт
Исак се договорил со Ливерпул

Фудбалерот на Њукасл и шведски репрезентативец, Александар Исак, постигнал усмен договор со Ливерпул и едвај чека да им се придружи на англиските шампиони.
Ова го тврди добро информираниот новинар и специјалист за трансфери на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг. Германскиот новинар објави дека голгетерот Њукасл ги договорил условите со Ливерпул, но сè уште се чека договор меѓу клубовите.
Њукасл првично соопшти дека Исак не е на продажба, но потоа фудбалерот побара трансфер. Во меѓувреме, Ливерпул го потпиша Уго Екитике од Ајнтрахт, но не се откажа ниту од шведскиот голгетер.
Специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. Сепак, Њукасл ги диктира условите бидејќи Исак е обврзан со договорот до 30 јуни 2028 година.
Наводно, Њукасл сега бара дури 170 милиони евра, додека Ливерпул понудил 50 милиони помалку. Се претпоставува дека клубовите ќе се сретнат некаде на средина.
Интересно е што во исто време клубовите од Саудиска Арабија ја прифатија сумата што ја побара клубот од „Сент Џејмс Парк“, но Исак ги одби и рече дека сака да оди само во Ливерпул.
Фото/ Принскрин