Спорт
Фолксваген купот за Тимо Бол и за Ли Ксиаоксиа
Германскиот пингпонгар Тимо Бол е освојувач на Фолксваген Купот за 2010 година по победата во финалето над Кинезот Ма Лин со 4:1 (-6, 7, 7, 8, 9). Откако Ма Лин го освои првиот сет и делуваше мошне сигурно, гледачите очекуваа дека европскиот првак Тимо Бол нема лесно да се предаде, но не и дека ќе добие четири последователни сетови и ќе го освои купот.
Претходно во полуфиналето Тимо Бол со 4:0 го победи Јапонецот Јун Мизутани, а Ма Лин исто така без загубен сет го победи Белорусинот Владимир Самсонов.
Во финалето во женска конкуренција Кинеската Ли Ксиаоксиа со 4:2 (7, 5, -6, -10, 6, 4) ја победи Корејката Ким Јунг Ах. Во полуфиналето Ли Ксиаоксиа ја победи Унгарката Кристина Тот со 4:0, а со идентичен резултат Ким Јунг Ах ја елиминира натурализираната Шпанка Шен Јанфи.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вениер го освои првото злато на СП во алпско скијање
Австријката Стефани Вениер (31) ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.
Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување.
За Вениер, која во кариерата оствари три победи во Светскиот куп (две во спуст, една во супер-џи), ова е втор медал од светските првенства, откако пред шест години го освои среброто во спустот во Сент Мориц.
Брињоне, која во текот на целата своја кариера беше позната како специјалист за велеслалом, во оваа дисциплина освои два светски сребра и една бронза на Зимските олимписки игри. Ова е прв медал во брзинските дисциплини во кариерата.
Лај го одбрани бронзениот медал освоен пред две години во Мерибел. Интересно и тогаш ја „подели“ бронзата, со Австријката Корнелија Хутер, а овојпат со младата Американка Макуга, за која ова беше деби настап на големите натпреварување.
Машкиот супер-џи ќе се одржи во петок во Залбах.
Спорт
Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари. 40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест шампионски титули по дебито со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.
Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона. Пред да го напушти Мерцедес, Хамилтон на сите 3.000 вработени им поделил подароци.
Според англиските медиуми, Хамилтон го ангажирал познатиот мотоспорт уметник Пол Оз, човекот кој создаде бисти на легендарни возачи како Аиртон Сена, Брус Мекларен, Џејмс Хант… за да создаде ново уметничко дело, слика од неговиот автомобил на ГН на Монако во 2019 година.
Оригиналната слика во масло виси во седиштето на тимот во Бракли, а секој член на персоналот на Мерцедес доби свој отпечаток од уметничкото дело. Самиот Оз го потврди ова во објава на Инстаграм која подоцна ја избриша.
„Сега кога е познато и сите 3.000 вработени во Мерцедес ГП ги добија своите копии од ова, можам да зборувам за тоа. Нарачката ја направи Луис како подарок за заминување за сите во Мерцедес… Потег што покажа големина“, рече уметникот, додавајќи:
„Мојата единствена должност беше да се фокусирам на болидот, а не на Луис, па решив да сликам слика од Монако 2019 година, само неколку дена откако Ники Лауда почина и тимот го обои системот за заштита „хало“ во црвено во негово сеќавање“.
Спорт
(Видео) Марсело замина во пензија
Легендарниот Бразилец, поранешен капитен на Реал Мадрид, Марсело (36), замина во пензија. Во кариерата одигра 721 натпревар,постигна 58 гола, забележа 117 асистенции. Се пензионира како еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Реал и со статуст на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот.
Бразилскиот клуб Флуминенсе му го раскина договорот на почетокот на ноември минатата година по инцидентот што се случи неколку дена претходно на мечот со Гремио (2:2).
Имено, тренерот на Флуминенсе Мано Менезес го подготви Марсело да влезе во игра, а потоа во последен момент ја повлече таа одлука и го врати на клупата.
Како што може да се види на видеото, Менезес нешто му објаснува на Марсело, а потоа му се налути и ја откажал замената. Според една верзија на настаните, Марсело му рекол на Менезес да не го „допира“, додека друга верзија на настаните вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезес. Поради тоа клубот презеде драстични мерки.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024
Последниот натпревар го одигра на 26.новември минатата година. Тој одигра 16 минути на пријателскиот натпревар на Флуминенсе против Виторија.
Откако во 2005 година дебитираше за Флуминенсе и постигна гол на тој натпревар, набрзо на 18 годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година и со него шест пати ја освои Ла Лига и пет пати Лигата на шампионите, а вкупно со освои 25 трофеи. За Реал одигра 546 натпревари.
Победникот на Купот на конфедерациите во 2013 година со Бразил во кариерата одигра и 10 натпревари за Олимпијакос.