Спорт
Сандерленд и ВБА подобри од Вест хем и Њукасл
Во двата неделни натпревара од 16-то коло во англиското фудбалско првенство, славеа домаќините, откако Сандерленд минимално со 1:0 славеше против Вест хем, а ВБА со 3:1 го совлада Њукасл со 3:1
Вест бромвич албион ја постигна својата историска првенствена победа против Њукасл, бидејќи првпат го совладува по цели 26 години. ВБА дојде до победата со головите на Камерунецот Сомен Тчоји во 32. и на Нигериецот Питер Одемвингие во 71. и 89. минута, додека Њукасл само го намали резултатот о 90. минута преку Данецот Питер Ловенкрандс. Сандерленд ги освои трите бода на своето игралиште со голот на Џордан Хендерсон во 33 минута, откако беше одлично проигран од младиот напаѓач од Гана, Асамоа Гиан. Ова беше петта победа во ова првенство за популарните „црни мачки“ со што се вратија на седмото место од англиската Премиершип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шоу-тајм на Дончиќ и Леброн, Оклахома конечно го победи Сан Антонио, нова победа на Денвер без Јокиќ
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Атланта Хокс со 141:116, благодарение на брилијантните партии на најголемите ѕвезди.
Леброн Џејмс и Лука Дончиќ играа за аналите на еден од најголемите клубови. Двајцата имаа 25 поени, 10 асистенции и пет скока во истиот натпревар, што се случи втор пат во историјата на Лејкерси. Единствените соиграчи што го направиле тоа пред нив се легендарните Џери Вест и Елгин Бејлор.
Леброн Џејмс беше најефикасен со 31 поен (12/20 шут од поле), а додаде и 10 асистенции и девет скока. Му недостигаше само еден скок да стане најстариот играч со трипл-дабл во историјата на НБА со 41 година и 15 дена.
Лука Дончиќ постигна 27 поени (7/16 од поле) и со тоа потврди дека е најдобар стрелец во лигата. Дончиќ е исто така четвртиот додавач во НБА, а овој пат имаше 12 асистенции. Настапот го заокружи со пет скока. Дончиќ одигра вкупно 33 минути, а во првите 18 минути, тој постигна дури 23 поени и имаше седум асистенции.
Кај декласираните Хокси, вреди да се истакнат само Никил Александар-Вокер, кој постигна 26 поени, и Си Џеј Меколум со еден поен помалку.
Актуелните шампиони Оклахома Сити Тандер, конечно успеа да слави против Сан Антонио Спарс. Во четвртиот меѓусебен натпревар од почетокот на сезоната, Тандер ја забележаа првата победа.
Оклахома на домашен терен победи убедливо со 119:98.
Најзаслужен за победата беше Шеј Гилџес-Александер со 34 поени, пет скока и пет асистенции. Џејлен Вилијамс имаше 20 поени, Алекс Карусо 13, со четири асистенции.
Кај Спарс, Стефон Касл имаше 20 поени, осум асистенции и седум скока. Виктор Вембањама забележа 17 поени и седум скока.
Денвер Нагетс победија во Њу Орлеанс со 122.116. Ова беше петта победа за Денвер, во осмиот меч без Никола Јокиќ.
Џамал Мареј беше најефикасен со 35 поени и девет асистенции. Пејтон Вотсон имаше значаен придонес со 31 поен, седум скока и пет асистенции.
Токму Вотсон погоди многу тежок шут во последната минута преку Зајон Вилијамсон, а во финишот Арон Гордон и Мареј го потврдија триумфот.
Пеликанси имаа и +11 во текот на третата четвртина, во последната четвртина тимовите се менуваа во водство, а потоа тимот на Дејвид Аделман го реши мечот со серија од 8:2.
Треј Марфи со 31 поен и пет скока го предводеше Њу Орлеанс.
Резултати:
Мајами – Феникс 127:121
/Адебајо 29 – Брукс 25/
Милвоки – Минесота 106:139
/Адетокумбо 25 – Рендл 29/
Хјустон – Чикаго 119:113
/Дурант 28 – Џонс 34/
Голден Стејт – Портланд 119:97
/Мелтон 23 – Шарп 19/
Спорт
Проблем за Алегри – Новиот напаѓач претрпе фрактура
Милан се соочи со голем проблем откако новиот напаѓач, Никлас Фулкруг (32), кој пристигна во клубот во катуелниот преоден рок, како позајмен од Вест Хем, се повреди. Германскиот напаѓач го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што е значаен удар за тимот.
Според првите проценки, Фулкруг ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Повредата се случи во неговиот трет натпревар за Росонерите. Тренерот Масимилијано Алегри му даде доверба во почетниот состав веќе во неговиот втор настап, но оваа лоша среќа го врати Милан на почетните проблеми во офанзивата.
Фулкруг беше доведен како конкретно и физички силно решение за врвот на нападот, и за кратко време покажа дека може да биде важен фактор во играта. Создаваше шанси и добро соработуваше со соиграчите.
Милан сега повторно мора да се потпре на привремени решенија во клучниот дел од сезоната.
Клубот моментално е во мала резултатска криза и мора што поскоро да се врати на победничките патеки ако сака да остане во трката за шампионската титула и да не заостанува премногу зад водечките тимови на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/

