Спорт
Јужен Судан очекува на референдумот да биде изгласано отцепување
Повеќето од жителите на јужниот дел на Судан, најверојатно безмалку сите, ќе гласаат за отцепување од северниот дел на земјата ма рефернедумот во јануари 2011 г. изјави министерот за информации на владата на југот, Барнаба Мариал Бенџамин
„Нашите партнери од северот во текот на изминатите пет години од потпишувањето на Сеопфатниот мировен договор не успеаја да ја заживеат идејата за зачувување на единствена држава која ќе биде пожелна и за југот, а повеќето жители на Јужен Суден имаат тенденција да гласаат за независност“, изјавил министерот Барнаба Мариал Бенџамин во разговор со руските новинари во Џуба, пренесува РИА Новости.Тој не смета дека во случај на отцепување на Јужен Судан нема да може да се создаде стабилна држава или дека ќе започне меѓуплеменска војна.„Во текот на изминатите пет години, по децениите од разурнувачката војна, бевме во можност да се создадеме државни институции, силна војска, па дури и прилагодување на одредени видови производство на територијата на Јужен Судан, вклучувајќи го тука и производството на минерална вода, имаме значајни природни и човечки ресурси, па оттаму неосновани се мислењата за подреденоста на идната држава во јужниот дел од земјата“, рекол Бенџамин.Тој додаде дека племенската шареноликост на Јужен Судан нема да попречи на неговиот иден одржлив развој.Бенџамин, исто така, рекол дека референдумот ќе се одржи на демократски принципи и дека властите на Јужен Судан се подготвени да прифатат каков и да е резултат од него. Притоа додава дека југот има тенденција да се преговара за решавање на прашањата кои можат да произлезат по референдумот меѓу Северна и Јужна во случај на отцепување.„Ние не сакаме да видиме незадоволство кај нашиот сосед на север, туку да најдеме компромиси за решавање на спорните прашања, војувавме премногу долго и не сакаме нова војна“, заклучил Бенџамин.Причината за конфликтот меѓу Северен и Јужен Судан е расно-религиозна. Имено на север живеат најмногу муслиманските Арапи, а на југот црни племиња (христијани и анимисти), кои не сакаат да бидат подложени на исламизација. За време на периодот на британското колонијално владеење трите јужни провинции биле истовремено управувани од соседната британска колонија Кенија, исто така, населена со црни племиња, а Северен Судан бил под заедничко англо-египетско владение. По завршувањето на Втората светска војна, јужните провинции се присоединети кон Судан, кој во 1956 г. стана независна држава. Јужниот дел на Судан не се согласи со формирањето унитарна држава и ја почна борбата за независност, која двапати прерасна во граѓанска војна.Втората граѓанска војна во Судан траеше 20 години, а заврши во 2005 г., кога претставници на бунтовничкото движење на југот влегоа како дел од привремената влада на Судан којашто требаше да ги направи потребните демократски реформи, вклучувајќи и усвојување на изборниот закон и законот за претстојниот референдум за самоопределување на јужните провинции. Референдумот е закажан за 9 јануари 2011 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

