Контакт

Спорт

Јужен Судан очекува на референдумот да биде изгласано отцепување

Објавено пред

Повеќето од жителите на јужниот дел на Судан, најверојатно безмалку сите, ќе гласаат за отцепување од северниот дел на земјата ма рефернедумот во јануари 2011 г. изјави министерот за информации на владата на југот, Барнаба Мариал Бенџамин

dobivaj vesti na viber

„Нашите партнери од северот во текот на  изминатите пет години од потпишувањето на Сеопфатниот мировен договор не успеаја да ја заживеат идејата за зачувување на единствена држава која ќе биде пожелна и за југот, а повеќето жители на Јужен Суден имаат тенденција да гласаат за независност“, изјавил министерот Барнаба Мариал Бенџамин во разговор со руските новинари во Џуба, пренесува РИА Новости.Тој не смета дека во случај на отцепување на Јужен Судан нема да може да се создаде стабилна држава или дека ќе започне меѓуплеменска војна.„Во текот на изминатите пет години, по децениите од разурнувачката војна, бевме во можност да се создадеме државни институции, силна војска, па дури и прилагодување на одредени видови производство на територијата на Јужен Судан, вклучувајќи го тука и производството на  минерална вода, имаме значајни природни и човечки ресурси, па оттаму неосновани се мислењата за подреденоста на идната држава во јужниот дел од земјата“, рекол Бенџамин.Тој додаде дека племенската шареноликост на Јужен Судан нема да попречи на неговиот иден одржлив развој.Бенџамин, исто така, рекол дека референдумот ќе се одржи на демократски принципи и дека властите на Јужен Судан се подготвени да прифатат каков и да е резултат од него. Притоа додава дека југот има тенденција да се преговара за решавање на прашањата кои можат да произлезат по референдумот меѓу Северна и Јужна во случај на отцепување.„Ние не сакаме да видиме незадоволство кај нашиот сосед на север, туку да најдеме компромиси за решавање на спорните прашања, војувавме премногу долго и не сакаме нова војна“, заклучил Бенџамин.Причината за конфликтот меѓу Северен и Јужен Судан е расно-религиозна. Имено на север живеат најмногу муслиманските Арапи, а на југот црни племиња (христијани и анимисти), кои не сакаат да бидат подложени на исламизација. За време на периодот на британското колонијално владеење трите јужни провинции биле истовремено управувани од соседната британска колонија Кенија, исто така, населена со црни племиња, а Северен Судан бил под заедничко англо-египетско владение. По завршувањето на Втората светска војна, јужните провинции се присоединети кон Судан, кој во 1956 г. стана независна држава. Јужниот дел на Судан не се согласи со формирањето унитарна држава и ја почна борбата за независност, која двапати прерасна во граѓанска војна.Втората граѓанска војна во Судан траеше 20 години, а заврши во 2005 г., кога претставници на бунтовничкото движење на југот влегоа како дел од привремената влада на Судан којашто требаше да ги направи потребните демократски реформи, вклучувајќи и усвојување на изборниот закон и законот за претстојниот референдум за самоопределување на јужните провинции. Референдумот е закажан за 9 јануари 2011 г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси

Објавено пред

Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.

Прикажи повеќе...

Спорт

Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР

Објавено пред

Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

dobivaj vesti na viber

ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.

Прикажи повеќе...

Спорт

Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“

Објавено пред

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

dobivaj vesti na viber

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.

Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 час

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ4 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија4 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет6 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет7 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет7 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион7 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет8 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија18 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија19 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија19 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија22 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...