Спорт
Романија со Шведска и Данска со Норвешка во полуфиналето
И пред одигрувањето на последното коло во Групата 1 познати се полуфиналните двојки на ЕП во ракомет за жени. Во сабота на 18 декември земјите домаќини Данска и Норвешка ќе играат меѓу себе за пласман во финалето, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Романија и Шведска.Претходно во меч за пето место Франција ќе игра против Русија, Хрватска или Црна Гора, зависно од денешната разврска во групата 1.Во синоќешните мечеви во групата 2 беа постигнати следните резултати: Украина – Франција 19:31, Шведска – Унгарија 24:19, Норвешка – Холандија 35:13. Конечна табела: Шведска 8, Норвешка 8, Франција 6, Холандија 4, Унгарија 4, Украина 0.Денеска се игра последното коло од Групата 1 по кое ќе се знае третопласираната селекција која ќе се бори за пето.то место : Романија – Русија, Шпанија – Хрватска и Данска – Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Играчот со најмногу трофеи на сите времиња кариерата ја продолжува во Смедерево
Во КМФ Смедерево доаѓа да игра легендарниот Рикардињо, португалскиот футсал играч кој во 2016 година го обожуваше белградска Арена кога играше со Србија за време на Европското првенство.
Го напушти италијанскиот Екосити Генцано, одби две понуди од Бразил и една од Италија и Португалија.
Се вели дека најинтересна понуда му била понудата од Смедерево каде ќе добие стан и службено возило на користење.
Го интересираа информации колку тренира неделно. Кога слушнал дека тренира два пати дневно и има девет или десет тренинзи неделно, веднаш ја прифатил понудата.
Во својата богата кариера Рикардињо играше за Бенфика, Нагоја, ЦСКА Москва, Интер Мовистар, АЦЦС, Пендекар Јунајтед и Рига.
Шест пати беше прогласуван за најдобар играч на светот, што го прави апсолутен рекордер. Дебатата за најдобриот во историјата на футсалот главно се води меѓу него и Бразилецот Фалка.
За португалската репрезентација играше од 2003 до 2021 година. На 188 настапи постигна 142 гола, а во 2021 година беше светски првак. Шест пати беше државен првак со шпанскиот Интер.
Смедерево моментално е четврти тим во српскиот шампионат и заостанува 14 бода зад лидерот Лозница.
Спорт
УЕФА размислува за укинување на продолженијата во ЛШ, ама дури од 2027
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но промената би можела да се случи дури во 2027 година.
Во последно време, фудбалерите се повеќе го креваат гласот поради згуснатиот распоред, па УЕФА разгледува опции како да ги намалат минутите кои се играат.
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони.
Еднa ваква промена би се случила само откако ќе заврши сегашниот циклус натпревари, односно дури во 2027 година.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.