Спорт
Орландо го донесе Аринас

По само 25 одиграни натпревари во НБА лигата претседателот на Орландо Меџик реши да направи играчки промени во својата екипа
Главна ѕвезда во размената на кошаркари во која покрај Орландо се вклучија и Вашингтон и Феникс е плејмејкерот Џилберто Аринас. Покрај проблематичниот Аринас, Орландо од Феникс го врати Хидо Туркоглу. Нови членови на тимот од Флорида станаа Винс Картер, Џејсон Ричардсон и Ерл Кларк. Феникс во замена за Туркоглу ги доби Марцин Гортат, Микаел Пјетрус, одредена сума на пари и право на избор во првата рунда на драфтот во 2011 година. Во Вашнгтон од Орландо замина Рашад Луис. Претседателот Смит истакна дека „ на екипата по 25 одиграни натпревари и била потребна промена и дека не е загрижен поради проблематичното однесување на Аринас надвор од теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Антонио се врати на теренот по ужасната сообраќајна несреќа

Мајкл Антонио, репрезентативец на Јамајка, се врати на теренот по сериозната сообраќајна несреќа во која беше вклучен кон крајот на минатата година.
На 7 декември, Антонио се удри со своето Ферари во дрво недалеку од Лондон, а во несреќата ја скрши бутната коска на четири места.
Тој исто така рече дека лекарите му рекле дека закрепнувањето ќе трае од шест до 12 месеци, а тој се вратил на фудбалот многу побргу.
Антонио влезе во игра во 85-та минута, но не можеше да го спречи поразот на карипската селекција во првото коло од Голд Купот против Гватемала (0:1).
Стрелец на единствениот гол беше Оскар Сантис.
Антонио одигра повеќе од 300 натпревари за Вест Хем откако пристигна во 2015 година од Нотингем Форест.
Неговиот договор со „Чеканите“ истекува на 30 јуни, и засега не е познато дали ќе остане во Лондон.
Спорт
(Видео) Најлудиот меч на клупскиот мундијал, четири гола и три црвени картони

Дуелот помеѓу Бока Јуниорс и Бенфика на Светското клупско првенство заврши без победник, 2:2 откако португалскиот тим надополни негатива од два гола. Натпреварот го обележаа нападот врз судијата и три црвени картони.
Во судиското продолжение во првото полувреме, судијата Сезар Артуро Рамос Палазуенос, доби повик од ВАР собата да погледне спорна ситуација пред голот на Бока и да провери дали има елементи за пенал за Бенфика.
Во тој момент, тој беше нападнат од Андер Ерера. Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед, претходно беше заменет поради повреда. Редарите мораа да реагираат за да спречат физичка пресметка.
LO TUVIERON QUE AGARRAR 😯
El motivo por el que fue expulsado Ander Herrera #FIFACWC@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/ga7t4WcLr0
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 16, 2025
Ерера беше исклучен, Бенфика доби пенал, а Анхел Ди Марија го намали резултатот на 2:1.
Во 70-та минута, Бенфика остана со играч помалку бидејќи Андреа Белоти доби директен црвен картон. Копачката на Италијанецот заврши во главата на играчот на Бока, Коста.
¡A LA CALLE! 🟥 La patada de Belotti en la cabeza de Ayrton Costa por la que vio la tarjeta roja 📺@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop #TakeItToTheWorld
🔗 https://t.co/gb1AMHxmwO pic.twitter.com/v6T0ZrsAlU
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 16, 2025
Во 88.минута црвен картон, проади груб старт доби и фудбалерот на Бока јуниорс Фигал.
Спорт
Тренерот на Црвена звезда го затвори својот профил поради закани од навивачи

Кошаркарите на Црвена звезда ја завршија сезоната 2024/2025 со поразот од Спартак во вториот натпревар од полуфиналната серија во домашниот шампионат. Елиминацијата на црвено-белите е сензационална бидејќи, актуелниот првак, прв пат по 14 години не успеа да се пласира во финалето.
По елиминацијата, тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, го деактивирал својот профил на социјалната мрежа „X“.
Според портал „Нова С“, по поразот на црвено-белите во Суботица од Спартак, навивачите на црвено-белите биле крајно незадоволни.
„Серијата лоши резултати кулминираше со дебакл во домашното првенство, а разочараните навивачи лансираа лавина од навреди на социјалните мрежи, особено на платформата „X“ (поранешен „Твитер“), која Сферопулос редовно ја користеше. За жал, во тој поплава од коментари имаше крајно несоодветни и брутални пораки, вклучително и закани со смрт, поради што тренерот на Звезда одлучи да го исклучи својот профил и да се повлече од социјалните мрежи“, пишува „Нова С“.