Спорт
Рома го сопре Милан на негов терен

Во дербито од 17-то коло на италијанскиот шампионат, Рона во Милано на „Сан Сиро“ ја прекина победничката серијата на „росонерите“, а единствениот погодок на мечот го постигна Бориело кого Милан го позајми на римската „волчица“
Клучниот момент на мечот се случи во 69. минута од мечот кога Џереми Менез ја уфрли топката од десната страна а во мешаницата пред голот на Милан Ингацио Абате се обиде да ја исфрли но го погоди Марко Бориело од кого топката се одби во мрежата. Играчите на Милан до крајот на мечот се трудеа да дојдат барем до бод, но не успеаја и покрај огромниот број шутеви на противничкиот гол. Капитенот на Рома, Франческо Тоти, го преседе мечот на клупата покрај тренерот Клаудио Раниери, но затоа пак од првата минута на теренот истрча Бразилецот Адриано. Инаку, ова беше четвртата победа на Рома на гости на „Сан Сиро“ против Милан во последните пет првенствени средби.Во саботата Чезена го совлада до Каљари со 1:0 со голот на Хименез постигнат во 18. минута.Оваа победа на Рома, им овозможува на Јувентус, Наполи и Лацио во недела да ја намалат разликата на водечкиот Милан кој остана на 36 бодови, на само три бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?