Спорт
Далас ја прекина серијата на Мајами
Кошаркарите на Далас во дерби натпреварот во НБА лигата го победија Мајами со 98:96, и на тој начин ја прекинаа серијата на „жешките“ од 12 последовни победи
За Далас воедно ова беше 14-та последовна победа над Мајами во регуларниот дел од сезоната. Дирк Новицки со 26 поени го предводеше Далас, на спротивната страна Двејн Вејд уфрли 22 коша.Јута забележа победа над Кливленд од 101:90, за гостинскиот тим ова беше единаесетиот пораз на последните дванаесет натпревари. На овој натпревар тренерот на Јута, Џери Соан стигна до 1.210 победа во кариерата со што на третото место на вечната листа се израмни со Пет Рајли. Пред него сега се само Лени Вилкинс (1.332) и Дон Нелсон (1335).Сан Антонио на натпреварот со Феникс ја забележа деветтата победа во низа. Во победата од 118:110, Тим Данкан постигна 20 поени на кои придодаде 15 скокови.Орландо во дербито на истокот загуби во Атланта со 91:81, „магичните“ во првата четвртина постигнаа само 14 поени. Индијана со кошот на Мајк Данливи постигнат во последната секунда го победи Њу Орлеанс со 94:93.Портланд благодарение на учинокот на Ламаркус Олдриџ (29 поени и 19 скокови) го совлада Милвоки со 106:80, додека Вашингтон го декласира Шарлот со 108:75. Минесота шестиот последовен пораз го забележа во ЛА на гостувањето кај Клиперси. Ерик Гордон во победата на Клиперси од 113:90 постигна 36 поени. Во последниот натпревар Хјустон со 121:112 ја совлада екипата на Голден Стејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

