Спорт
Вирџин рејсинг го комплетира тимот
Британскиот Ф1 тим, Вирџин рејсинг, денеска соопшти дека за следната сезона го ангажирала Белгиецот Жером Д`Амброзио. Од предходно беше познато дека прв возач на тимот во следната сезона ќе биде Тимо Глок. Д`Амброзио има 25 години, а на позицијата втор возач во Вирџин рејсинг ќе го замени Бразилецот, Лукас ди Граси. Минатата сезона Белгиецот ја мина како тест возач во екипата на Рено, предходно се натпреваруваше во ГП2 серијата и Формула Рено. Новата сезона во Светското првенство во Ф1 ќе започне на 13 март следната година, со трката за Големата награда на Бахреин. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар Ервејс“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Матеус: Баерн треба да го продаде Коман, а да го задржи Сане
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги советува челниците на Баерн, во зимскиот преоден рок да го продадат Кингсли Коман, а во исто време да направат обид да го задржат Лирој Сане.
Баерн суверено владее во Бундеслигата и по победата над Пари Сен Жермен навестува дека ќе се пласира во нокаут фазтата во Лигата на шампионите. Во исто време, шефовите на спортскиот сектор, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наголемо работа на летниот преоден рок.
Младата ѕвезда на Баер, Флоријан Вирц е на врвот на листата, но за него треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, а ќе биде тешко бидејќи за Вирц интерес покажа и Реал Мадрид, Надзорниот одбор очекува приходи од продажба на фудбалери веќе во претстојниот преоден рок во јануари.
Кандидатите за продажба се Кингсли Коман (договор до 2027 година), Леон Горецка (до 2026 година) и Серж Гнабри (до 2026 година).
Легендата на Баерн со најмногу натпревари во германската репрезентација, Лотар Матеус, го советува поранешниот клуб прво да го продаде Коман и да го продолжи договорот со Лерој Сане, кој истекува во јуни.
„Сане треба да се задржи, но со намалена плата. Тој добро се согласува со тренерот Компани. Коман не е неопходен за тимот и треба да се продаде во зимскиот преоден рок“.
Францускиот репрезентативец одигра 309 натпревари од летото 2017 година, постигна 67 голови и забележа 68 асистенција. Запаметен по победничкиот гол против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.
Спорт
Мијатовиќ: Анчелоти нема капацитет да го извлече Реал од оваа криза
Втор пат одо почетокот на овој месец, поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал, Предраг Мијатовиќ, упати жестоки критики кон тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти.
Мијатовиќ се огласи по синоќешното бледо издание на „Енфилд“ и поразот од Ливерпул 2:0 во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Неодамна, по поразот од Милан, тој изјави дека „Анчелоти ја загубил контролата над тимот“. На таа изјава синоќа го потсетија шпанските новинари, а тој рече:
„Сè уште го мислам истото. Ситуацијата е комплицирана бидејќи има многу повредени играчи, а тоа е најлошото нешто за секој тренер. Имам чувство дека ги слуша гласовите наоколу и сака да ги задоволи сите. Кога ќе слушне „овој фудбалер не игра многу“, решава да му даде минутажа. Тоа доаѓа од неговата филозофија за разбирање на фудбалот. Кога клуб толку голем како Реал Мадрид ќе се најде во ситуација да прави компромиси, тогаш се случува она што сега се случува. Не се сите во тимот задоволни и тимот не бележи добри резултати“.
Во моментов славниот Црногорец не гледа решение за излез од кризата.
„Нема потреба да се бара виновникот и да се покажува со прст, но впечатокот е дека тренерот го испушти тимот. Жал ми е за Реал. Изгледаше како тим кој не се ни обиде да се врати во игра. Не знам дали овој тим веќе има способност да реагира и дали Анчелоти има капацитет да ја рестартира ситуацијата и повторно да ги мотивира играчите“, изјави Мијатовиќ.