Спорт
И без Вејд Мајами е баук за Феникс
Феникс по четврти пат едноподруго на домашен паркет во Ју Ес Еирлајнс центарот губи од Мајами, овој пат со 83:95. Постоеше шанса „сонцата“ да ја прекинат црната статистика против „жешките“, посебно поради фактот што гостите настапија без Двејн Вејд. Но кого го нема во Мајами и без него се може, па така Леброн Џејмс постигна 36 поени со 6 скокови, а Крис Бош 23 поена со 11 скокови. Џеред Дадли беше најефикасен во Феникс со 33 поени, а Стив Неш беше само добар асистент со 18 успешни проигрувања.Во Амвеј Центарот во Орландо тимот на Џеф Ван Ганди успеа да стави крај на серијата од 10 победи на Сан Антонио. Магичните имаа своја шутерска вечер и победија со 123:101. Двајт Хауард беше најекспонирана фигура на натпреварот со 29 поени и 14 скокови. Џилберт Аренас постигна само 14 поени но имаше 9 асистенции и 6 скокови. Пресудно за високата победа на Орландо е што дури седум играчи постигнаа двоцифрен број поени, па кошот на Сан Антонио едноставно беше изрешетан. Во тимот на Сан Антонио по 16 поени постигнаа Тони Паркер и Гери Нил.Во Арко Арената во Сакраменто продолжува агонијата на кралевите кои што го забележаа 22-риот пораз во 27 натпревари. Овој пат Сакраменто загуби од Милвоки со 79:84, најмногу заради лошо одиграната последна четвртина, во која влегоа со позитива од само 2 поени. Словенецот Бено Удрих беше најефикасен во поразениот тим со 17 поени и 7 скокови, а дабл-дабл имаше Семјуел Далембер со 13 поени и 12 скокови.Кај Елените од Милвоки најмногу поени постигна Ерл Бојкинс (19), а Ендрју Богут направи дабл-дабл со 15 поени и 13 скокови. Крај/макфакс/м.н.Феникс. 24.12.2010 (Макфакс). Феникс по четврти пат едноподруго на домашен паркет во Ју Ес Еирлајнс центарот губи од Мајами, овој пат со 83:95. Постоеше шанса „сонцата“ да ја прекинат црната статистика против „жешките“, посебно поради фактот што гостите настапија без Двејн Вејд. Но кого го нема во Мајами и без него се може, па така Леброн Џејмс постигна 36 поени со 6 скокови, а Крис Бош 23 поена со 11 скокови. Џеред Дадли беше најефикасен во Феникс со 33 поени, а Стив Неш беше само добар асистент со 18 успешни проигрувања.Во Амвеј Центарот во Орландо тимот на Џеф Ван Ганди успеа да стави крај на серијата од 10 победи на Сан Антонио. Магичните имаа своја шутерска вечер и победија со 123:101. Двајт Хауард беше најекспонирана фигура на натпреварот со 29 поени и 14 скокови. Џилберт Аренас постигна само 14 поени но имаше 9 асистенции и 6 скокови. Пресудно за високата победа на Орландо е што дури седум играчи постигнаа двоцифрен број поени, па кошот на Сан Антонио едноставно беше изрешетан. Во тимот на Сан Антонио по 16 поени постигнаа Тони Паркер и Гери Нил.Во Арко Арената во Сакраменто продолжува агонијата на кралевите кои што го забележаа 22-риот пораз во 27 натпревари. Овој пат Сакраменто загуби од Милвоки со 79:84, најмногу заради лошо одиграната последна четвртина, во која влегоа со позитива од само 2 поени. Словенецот Бено Удрих беше најефикасен во поразениот тим со 17 поени и 7 скокови, а дабл-дабл имаше Семјуел Далембер со 13 поени и 12 скокови.Кај Елените од Милвоки најмногу поени постигна Ерл Бојкинс (19), а Ендрју Богут направи дабл-дабл со 15 поени и 13 скокови. Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал и Челзи во борба за Арда Гулер
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок.
Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација.
Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година.
Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би можел да биде достапен ова лето за околу 90 до 100 милиони евра.
Спорт
Македонија ќе биде носител во плејофот за пласман на СП
Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година.
Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е кои четири репрезентации ќе бидат носители во плејофот за Мундијалот следната година во Германија.
Познато е и кои шест репрезентации, ќе играат и претквалификациски два натпревари во март, а познато е и кои две репрезентации ја избегнале барем таа фаза, но нема да бидат носители во плејофот.
Што се однесува до преостанатите 12, сигурно е дека Германија и Данска нема да учествуваат во плејофот за Светското првенство, кои веќе се квалификуваа за Светското првенство. Германија како домаќин, Данска како актуелен светски шампион.
Останатите 10 репрезентации, покрај борбата за медали, ќе се борат за уште четири директни визи за Светското првенство. Останатите шест репрезентации ќе бидат распоредени во плејофот за Светското првенство.
Шпанија, Франција, Норвешка, Португалија, Словенија, Унгарија, Исланд, Шведска, Хрватска и Швајцарија ќе се борат за четири директни визи за Светското првенство.
Шесте кои нема да успеат во тоа ќе бидат распоредени во плејофот како носители, заедно со Фарските Острови, Македонија, Холандија и Австрија.
Можно противници на Македонија во баражот: Србија или Литванија, Полска или Латвија, Грција или Белгија, Црна Гора или Финска, Грузија или Израел, Италија, Босна и Херцеговина и Чешка.
Foto/ EPA
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos

