Спорт
Феникс не успеа во последниот напад
Л.А. Клиперс – Феникс Санс 108:103. Во поголемиот дел од мечот во Стејплс Центарот, Клиперси имаа позитива, а Феникс го бркаше резултатот
На помалку од три минути до крајот домашната екипа водеше со 10 поени разлика, но Стив Неш со неколку влезови под кошот ги привлекуваше кошаркарите на Клиперси кон себе но асистираше кон Пјетруш а овој со тројки ја врати неизвесноста.Во последниот напад Сонцата имаа време да се организираат за удар за тројка при 103:106, но на нивниот најефикасен играч Пјетруш, од раце му беше украдена топката и во контра Клиперси обезбедија победа. Најефикасни во победничкиот тим беа Блејк Грифин (28 п. 12 ск.) и Ерик Гордон (24 п.). Во тимот на Феникс покрај Михаел Пјетруш (25 п.) расположен за игра беше Стив Неш (21 п. 15 ас.).Во синоќешните дуели во најсилнат асветск акошаркарска лига беа постигнати следните резултати:Кливленд – Минесота 97:98 (Антаун Џејмисон 24 п. Ентони Паркер 21 п. 7 ск. / Мајкл Бисли 28 п. Кевин Лав 16 п. 18 ск.).Детроит – Чикаго 92:95 (Тајшаун Принс 17 п. , Чарли Вилануева 12 п. 10 ск. / Карлос Бузер 31 п. 11 ск. , Дерик Роуз 23 п. 12 ск.).Индијана – Мемфис 90:104 (Дени Грејнџер 29 п., Рој Хиберт 14 п. 10 ск. / Руди Геј 30 п. 8 ск., Зек Рендолф 18 п. 16 ск.).Њу Орлеанс – Атланта 93:86 (Крис Пол 22 п. 8 ас., / Џо Џонсон 23 п. Џош Смит 10 п. 12 ск.).Сан Антонио – Вашингтон 94:80 (Ману Џинобили 21 п. Тони Паркер 20 п. 14 ас. / Рашар Луис 21 п. 12 ск.).Денвер – Филаделфија 89:95 (Чонси Билапс 24 п. / Џру Холидеј 22 п., Тадеуш Јанг 20 п. 7 ск.).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Андреас Волф ја запре Португалија
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет.
Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја.
Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро Тонишер заедно собраа шест, а во вториот дел имаа само две одбрани. Буквално се што шутнаа Германците заврши во голот на Португалија.
Покрај Волф, кај Германија се истакна Шлориф кој седумте гола ги постигна во второто полувреме. Втор најдобра стрелец во гермнаскиот тим беше Усчинс со шест гола.
Португалија ја предводеше Кико Кошта со 10 гола, по пет постигнаа Мартин Кошта и Луиш Фраде.
Foto/ EPA
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30

