Спорт
Ван Бастен: Одењето на Леонардо во Интер е предавство

Преминот на Леонардо на кормилото на Интер за холандската мега ѕвезда, Марко Ван Бастен, е непоимливо. Поранешниот играч на Милан овој потег на Бразилецот го квалификуваше за предавство
Градскиот ривалитет меѓу Милан и Интер, во самото Милано, во Италија но и низ светот се сфаќа многу сериозно, а играчите можат да преминуваат без да ги подгреваат страстите во кој и да е друг клуб освен во ривалскиот.Инаку Леонардо покрај играчката клупа, се обидува да го засили и стручниот штаб на Интер, а се говори дека покрај него на тренерската клупа ќе седне уште еден „миланез“ – италијанската фудбалска легенда Паоло Малдини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Атлетико на бизарен начин по изведувањето пенали испадна од ЛШ

Реал, миленик на среќата, успеа да го елиминира Атлетико во драматичен меч на „Метрополитано“ во Мадрид. Бранителот н титулата, победи по изведувањето пенали со 4:2. Претходно натпреварот заврши со резултат 1:0.
Атлетико, вечерва одигра подобро од својот ривал и покрај тоа што поседот на топката беше на страната на Реал. Играчите на Карло Анчелоти упатија само два удари и двата не преставуваа никаква опасност за Јан Облак.
На спротивната страна Тибо Куртоа имаше седум интервенции.
Конор Галагер ја анулира предноста на Реал (2.1) од првиот меч по само 27 секунди игра. Реал најдобрата шанса ја имаше во 70.минута кога ударот на Винисиус од пенал заврши далеку крај стативата.
Пенал серијата ја реши бизарниот пенал на Алварез во втората серија. Аргентинецот се лизна и два пати играше со топката, поради што голот беше поништен.
Претходно во првата погодија Мбапе за Реал и Серлот за Атлетико. Во втората сигурен за Реал беше Белингем. Во третата погодија Валверде и Кореа. Облак му го одбрани идарот на Васкез, а по него Љоренте ја погоди гредата. Конечно Ридигер со ммногу среќа погоди во последната серија и го однесе Реал во четвртфиналето.
Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.
Спорт
(Видео) Галагер собори многу рекорди во Лигата на шампионите

Атлетико ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите по само 27 секунди игра.
Конор Галагер постигна гол на натпреварот на „Метрополитано“, соборувајќи бројни рекорди во Лигата на шампионите.
Ова беше најбрзиот гол во тековната сезона на најсилното европско натпреварување Исто така ова беше и најбрзиот гол во Лигата на шампионите постигнат од англиски фудбалер, најбрзиот гол на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и најбрзиот гол што го примил Реал Мадрид од 2007 година.
Галагер е првиот англиски играч кој постигнал гол во мадридското дерби.
Спорт
(Видео) Арсенал и Астон Вила си ги потврдија местата во топ 8

Арсенал и Астон Вила ги потврдија своите места во четвртиналето во Лигата на шампионите. Арсенал одигра 2:2 во Лондон со ПСВ Ајндховен, првиот меч им припадна на „топџиите“ со 7:1, а Вила по 3:1 во првиот меч, во вториот го победи Клуб Бриж со 3:0.
Арсенал два пати водеше против ПСВ со головите на Зинченко и Рајс, на 1:1 израмни Перишиќ, на 2.2 Дуреш.
Астон Вила во второто полувреме постигна три гола против Бриж, кој од 17.минута играше со фудбалер помалку. Црвен картон доби Сабе во 17.минута.
Два гола постигна Асенсио, еден засилувањето од Челси, кој лани играше во Дортмунд, Матсен.