Спорт
Мајами победи по очајното прво полувреме
Мајами – Голден Стејд 114:107. Мајами Хит на полувремето во Америкен Еирлајнс Арената губеше со 72:58 од Голден Стејт, но во третата четвртина ја надомести негативата и ја постигна седумнаесеттата победа во последните 18 мечеви.
Војниците преку расположениот Дорел Врајт ((30 п.) и Монта Елис (25 п. 7 ас.) го полнеа кошот на Жешките, па во двете четвртини гостите постигнаа по 36 поени.
Но, како да се истрошија во првото полувреме па во третиот период постигнаа само 12 поени што придонесе Мајами со само еден поен негатива да влезе во последниот период и конечно да ги разбие гостите. Тројката на Мајами Двејн Вејд (25 п. 8 ас. 6 ск.), Леброн Џејмс (25 п. 10 ас. 7 ск.) и Крис Бош (20 п. 11 ск.) беше стандардна. Останува за паметење дека ова беше најдобро одиграно прво полувреме на Војниците кои сепак не успеаја да го остварат големото изненадување.
На останатите средби се постигнати следните резултати:
Чикаго – Кливленд 100 – 91 (Дерик Роуз 28 п. 11 ас. Луол Денг 23 п. / Џеј Џеј Хиксон 21 п. 8 ск.)
Вашингтон – Њу Орлеанс 81:92 (Ник Јанг 24 п. / Тревор Ариза 22 п.)
Минесота – Њу Џерси 103:88 (Кевин Лав 23 п. 10 ск. / Саша Вујачиќ 22 п.)
Сан Антонио – Оклахома 101:74 (Тим Данкан 21 п. 9 ск. / Кевин Дурант 16 п.).
Денвер – Сакраменто 104:86 (Чонси Билапс 22 п. / Џејсон Томсон 17 п. 7 ск.).
Милвоки – Далас 99:87 (Ерл Бојкинс 26 п. 6 ас. / Хозе Хуан Бареа 29 п.).
Јута – Мемфис 98:92 (Пол Милсап 22 п. – Зек Рендолф 27 п. 16 ск.)./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа
Foto/ EPA
Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.
Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.
Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.
Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.
Резултати:
Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/
Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/
Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/
Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/
ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/
Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/
Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Норвешка во трилер завршница ја победи Шпанија
Норвешка, во ново формираната Група 1, на Европското првенство ја победи Шпанија со 35:34.
Шпанија, во најголем дел го контролираше натпреварот во Хернинг, меѓутоа Норвежаните беа подобри во финишот, мога анулираа минус од два гола и го презедоа водството.
Голот за победа го постигна Сагосен на 12 секунди до крајот. Шпанија имаше напад за реми, меѓутоа во ситуација шест на четири (Норвашека имаше двајца играчи помалку), Фернандез од чиста позиција се обиде да фрли цепелин за Абељо, топката ја пресече најдобриот Норвежанец, Педерсен.
Судиите, во таа ситуација прво досудија седмерец за Шпанија, но откако го прегледаа видеото, ја променија својата одлука и ја прогласија победата на Норвежаните.
Педерсен го предводеше својот тим со 11 голови, Грендал и Сондал постигнаа по пет. Гомеш Абељо со осум и Алекс Душебаев со шест гола беа најефикасни во редовите на Шпанија.
Норвешка сега има два бода, а Шпанија остана без бодови и без шанси за пласман во полуфиналето.
Foto/ EPA

