Спорт
Лејкерси повторно загубија
Четири победи на гостинските екипи во седумте одиграни натпревари во НБА лигата. Актуелните шампиони ЛА Лејкерси претрпеа нов пораз, трет на домашен терен во последните две недели
Екипата на Мемфис повторно беше кобна за шампионите. Во „Стејплс Центар“ Мемфис забележа убедлива победа од 104:85. Натпреварот Мемфис го реши во третата четвртина кога со серијата од 19:4 стигна недостижна предност. Руди Геј со 27 и Зек Рендолф со 21 поен беа предводници на Мемфис, 11-от пораз во сезоната на Лејкерси не го спречи ниту Коби Брајант кој во вториот дел постигна 21 поен.Во ЛА се одигра уште еден натпревар на кој победија гостите, Атланта ги совлада Клиперси со 107:98. Џо Џонсон постигна 29 поени за Атланта, Клиперси ги предводеше Блејк Грифин со 31 поен и 15 скокови.Убедлива гостинска победа од 93:79 забележа Бостон во Торонто. Пол Пирс натпреварот го заврши со 30 поени.Далас без повредените Новицки и Батлер забележа победа во Кливленд 104:95. Минатогодишниот финалист на истокот, Кливленд во моментов се наоѓа на претпоследното место во лигата.На другите натпревари: Њујорк-Индијана 98:92; Портланд-Хјустон 100:85 и Сакраменто-Феникс 94:89.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ
Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.
Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.
Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.
Foto/ EPA

