Спорт
Фаворитите на чело по првата етапа
На релито Дакар, шампионот од минатата година Карлос Саинз на Фолксваген е победник на првата етапа од Викторија до Кордоба (322 км.) со време од 2:18,32 часа. Со 1,31 минута задоцнување на целта пристигна неговиот голем конкурент на БМВ Стефан Петерхансел, а Насер Ал Атија со Фолксваген иако водеше по првите стотина километри сепак се задоволи со третото место и задоцнување од 2,16 минути. Марк Милер со Хамер беше одличен додека не заврна дожд, и тогаш поради погонот на две тркала на неговиот Хамер направи задоцнување по кое мораше да падне на петото место. Стартуваа 140 возила, а на целта пристигнаа 138.Во класата на мотоцикли трите први места ги освоија возачите на КТМ, Рубен Фариа (1:58,02 часа) , Сирил Деспре (+0,29 мин.) и Марк Кома (+ 1,15 мин.). Од 170 мотоцикли на стартот трката ја завршија 168.Во трката на мотоцикли со четири тркала првите 10 места им припаднаа на возачи на Јамаха. Јозеф Халперн извози за 2:17,11 часа, по него се пласираа Серхи Ла Фуенте (+ 03,10 мин), и Алехандро Патронели (+ 05:24). И во оваа конкуренција две возила не пристигнаа на целта.Кај камионите нема изненадувања. Владимир Чагин со Камаз ја извози етапата за 2:44,22 часа, втор е екипажот предводен од Алеш Лопре со Татра (+ 04,41 мин), а трет Фирдаус Кабиров со Камаз (+05:52 мин.). Од 67 камиони на стартот четири не пристигнаа на целта.Втората етапа ќе се вози од Кордоба до Сан Мигел Де Тукуман а долга е 324 километри за возила и камиони, односно 300 км. за моторцикли и мотори на четири тркала. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

