Спорт
Белгија или Србија победник на групата А

Белгија го совлада Казахстан со 3:0, а Србија поведе против Австралија со недостижни 2:0. Така победникот од Групата А на тенискиот Хопман Куп во Перт ќе биде одлучен на 6 јануари, во мечот меѓу овие две екипи кои победија во првите две кола.Во дуелот Белгија – Казахстан, Жастин Енан ја победи Сесил Каратанчева со 6:4, 6:3, а Рубен Бемелманс во два сета со по 6:4 го совлада Андреј Голубев. Во мечот во двојки Енан и Бебелманс ги победија Каратанчева и Голубев со 4:6, 6:2, 7:6 (8).Србија за противник ја имаше Австралија. Ана Ивановиќ без проблеми ја совлада Алисија Молик со 6:4, 6:0, а ниту Ѓоковиќ не се препоти многу во мечот со Лејтон Хјуит кого го победи со 6:2, 6:4. Мечот во двојки кој се игра нема резултатска важност./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.
Спорт
(Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.
Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.
Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.
Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.
По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.
Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.
И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.
Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.
Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.
Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.
Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.