Спорт
Трипл дабл со 22 асистенции на Рондо за победа над Спарси

Ражон Рондо оствари 12 поени, 10 скокови и 22 асистенции, за победа на Бостон Селтик над Сан Антонио Спарс од 105:103 во ТиДи гарден арената во Бостон. Проигрувањата на Рондо придонесоа за ефикасната игра на Реј Ален (31 п.) и Глен Дејвис (23 п.). Од другата страна Ману Џинобили имаше 24 поени и 8 скокови, па беше најдобар скокач во својот тим без оглед што игра на бековска позиција.
Останати НБА резултати:
Милвоки – Орландо 97:87 (Двајт Хауард 28 п. 13 ск. / Кори Магет 21 п. 7 ск.).
Филаделфија – Вашингтон 109:97 (Џру Холидеј 26 п. 9 ас., Луис Вилијамс 26 п. / Ник Јанг 21 п., Џон Вол 18 п. 14 ас., Рашард Луис 18 п. 10 ск.).
Њу Џерси – Чикаго 96:94 (Крис Хемфри 20 п. 11 ск. / Дерик Роуз 21 п.).
Кливленд – Торонто 105:120 (Антаун Џејмисон 32 п. / Андреа Барњани 25 п. 8 ск. Хозе Калдерон 20 п. 17 ас.).
Минесота – шарлот 105:108 (Кевин Лав 35 п. 15 ск. / Тајрус Томас 21 п. 11 ск.).
Њу Орлеанс – Голден Стејт 103:110 (Крис Пол 24 п. 13 ас. / Монта Елис 29 п.).
Хјустон – Портланд 100:103 (Кевин Мартин 45 п. / Ламаркус Алдриџ 27 п. 13 ск.).
Јута – Атланта 87:110 (Андреј Кириленко 19 п. 6 ск. / Џамал Крофорд 26 п. 6 ск.).
Л.А. Клиперс – Денвер 106:93 (Ерик Гордон 28 п. ДеАндре Џордан 14 п. 20 ск. / Кармело Ентони 31 п. 9 ск.).
Феникс – Л.А. Лејкерс 95:99 (Џарид Дадли 21 п. 6 ск. / Коби Брајант 24 п. 7 ск. 5 ас. Ламар одом 12 п. 10 ск.)./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Идиотите не разбираат ништо од фудбал“

Кристијано Роналдо одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, поради неговиот трансфер во Ал Наср.
Феликс минатото лето се пресели во Челзи од Атлетико Мадрид, бидејќи не играше многу на „Стемфорд Бриџ“, замина на позајмица во Милан. Таму не се прослави се врати во Челзи, а во финишот на преодниот рок реши да замине во Саудиска Арабија.
Одигра пет натпревари во дресот на Ал Наср, досега постигна хет-трик со една асистенција.
Откако популарниот португалски подкаст Чуверињо ја доведе во прашање одлуката на Феликс во еден од неговите сегменти, Роналдо одговори на Инстаграм.
„Идиотите не разбираат ништо за фудбалот, а сепак даваат свои мислења“, напиша Роналдо, додавајќи три емотикони кои плачат од смеа.
Неговиот коментар оттогаш е отстранет, а подоцна беше објавена порака од профилот на подкастот во која се прашуваше дали заслужуваат таков напад, бидејќи редовно во суперлативи зборуваат за Роналдо.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ни поп не може да го натера Аморим да ја смени формацијата

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на играта, иако е под сериозен притисок од јавноста и навивачите.
Серијата лоши резултати дополнително ги зголеми критиките кон португалскиот стручњак, а повеќето полемики се однесуваат на неговата одлука да не отстапи од формацијата со тројца во последната линија, односно формацијата 4-3-3.
И покрај сè погласните барања да се промени нешто, Аморим е категоричен.
„Не, не, не. Никој не може да ме натера да го направам тоа, дури ни поп“, рече тренерот на Јунајтед, нагласувајќи дека стои зад своите одлуки.
Јунајтед ја започна сезоната лошо – освоија само четири бода од првите четири кола, а вечерва од 18.30 часот го играат дербито против Челзи.
Foto/ EPA
Спорт
Хамилтон ги продал сите автомобили

Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста.
Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“.
40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, која некогаш содржеше ретки примероци на Ферари, Мерцедеси и Мекларени, сега е празна.
„Веќе немам автомобили. Се ослободив од сите мои автомобили, сега повеќе ме интересира уметноста. Ако требаше да купам автомобил, тоа би бил Ферари Ф40. Но, тоа е прекрасно уметничко дело“, рече Хамилтон.
Хамилтон беше фотографиран веднаш до Ф40 на тест-патеката на Ферари во Фиорано во јануари, кога се приклучи на италијанскиот тим. Како долгогодишен еколог и веган, Хамилтон почна да ја намалува својата колекција уште во 2019 година, продавајќи го својот приватен авион и преминувајќи на електрични модели.
„Го возам само мојот електричен Mercedes EQC“, рече тој во 2020 година.